Американскиот претседател Барак Обама допатува во историска посета на Куба, отворајќи ново поглавје во односите на двете земји по повеќедецениското непријателство меѓу поранешните противници од Студената војна, пишува Ројтерс.
Американскиот претседател Барак Обама допатува во историска посета на Куба, отворајќи ново поглавје во односите на двете земји по повеќедецениското непријателство меѓу поранешните противници од Студената војна, пишува Ројтерс.
Претседателскиот авион слета на меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана.
Веднаш по пристигнувањето во Хавана, Обама на Твитер напиша: „Како е Куба?“ (What’s up Cuba?“).
¿Que bolá Cuba? Just touched down here, looking forward to meeting and hearing directly from the Cuban people.
— President Obama
Непосредно пред пристигнувањето на американскиот претседатеч кубанската полиција уапси педесетина лица кои протестираа против комунистичката власт на Куба. Демонстрациите пред црквата во која се собираат секоја недела ги организирала групата „Дами во бело“, вдовици на поранешни политички затвореници.
Во Хавана пред посетата беа распоредени полициски сили под полна опрема, фасадите на зградите беа обновени а патиштата асфалтирани и украсени со американски знамиња и пораки за добредојде, покрај многубројните плакати на Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро, пишува Ројтерс.
Посетата на Обана на Куба претставува пресвртница по децениските напнати односи меѓу двете земји и им дава надеж на Кубанците, чија комунистичка власт остро ги критикуваше претходните десет американски лидери.
Посетата на Куба, прва на активен претседател на САД во последните 88 години, беше незамислива додека Обама не се согласи со Кастро во декември 2014 да стави крај на отуѓувањето кое почна со кубанската револуција и отфрлувањето на проамериканската влада во 1959 година.
Откако се приближија, двете страни ги обнивија дипломатските врски, потпишаа трговски договори за телекомуникации и авионски линии и ја проширија соработката во спроведувањето на законите и заштитата на природната средина. Остануваат, сепак, значителни разидувања меѓу нив, пред сѐ 54-годишното американско економско ембарго против Куба, чие укинување Обама го побара од Конгресот, но неговите обиди останаа блокирани од републиканците.
Куба се жали и на „континуираната окупација“ на поморската база во заливот Гвантанамо, за што Обама кажа дека нема да биде тема на разговорите, но покрај тоа тука се и американската поддршка на дисидентите и антикомунистичките радио и ТВ програми.
Не се очекува голем напредок во решавањето на тие прашање за време на вечерашната свечена вечера, но ни кога Обама и Кастро ќе се сретнат утре, проценува британската агенција.
Веројатно најмногу внимание ќе привлече говорот на Обама кој во вторник ќе биде пренесуван во живо на кубанската телевизија, кога тој ќе се сретне со дисидентите и ќе присуствува на безбол натпревар меѓу кубанскиот национален тим и американска Тампа беј.
Обама планира да ја искористи историската посета на Куба за да ги засили своите напори за понатамошно обновување на односите по половина век.
Иако неговата посета раѓа оптимизам во Хавана, сиромашните слоеви на кубанското население не се баш најрасположени, бидејќи се чувствуваат отфрлени поради растечката нееднаквост и растот на цените.
Политиката на Обама е фокусирана пред сѐ на малиот но растечки приватен сектор на Куба, овозможувајќи продажба на земјоделска и градежничка опрема на недржавните претпријатија, при што вработените во приватниот сектор веќе уживаат во предностите на тие мерки, додека голем дел од кубанското население и понатаму со малите заработувачки едвај крпи крај со крај, заклучува Ројтерс.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град