Попаментни од ова не биваме

Човечкиот мозок го достигна својот максимум. Можеме слободно да почнеме да се натпреваруваме во отупување.

 |  Маја Савиќ  | 
man vs. robot
man vs. robot

Дали човечката интелигенција и способноста за откривање нови работи и понатаму ќе се развива, или ја достигнавме крајната точка во нашиот интелектуален развој?
man vs. robot
Навистина, го откривме пеницилинот, ракетите, компјутерите, вештачки срца и многу други чуда кои пред неколку децении изгледаа како невозможни.

Луѓето ја достигнаа границата на своите ментални способности и физички е невозможно да станеме попаметни од тоа што веќе сме, тврдат научниците.

Според тврдењето на многу научници, во понатамошниот човечки развој повеќе нема да има револуционерни откритија бидејќи нашиот мозок веќе го постигна својот максимум и повеќе од тоа нема да може да се развива.

Имено, сега веќе и физички е невозможно да станеме попаметни од тоа што сме.
man vs. robot
Всушност, за да може нашиот мозок да развие поголема интелигенција од онаа која моментално ја има, би му требало многу повеќе додатна енергија и кислород, нешто кое нашето тело едноставно не е способно да го произведе.

Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ детално ја проучиле структурата на мозокот и начинот на кој мозочните клетки трошат енергија.

Дури и кога би се открило како на вештачки начин да се создаде повеќе енергија и кислород за мозокот, тој пак не би бил во состојба да функционира на поголемо ниво од сегашното бидејќи влакната од кои е составен не се создадени за таков тек на информации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top