Поевтинија и бензините и дизел горивата

Бензините од  полноќ поевтинуваат за еден, а дизелот за три денари – одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

benzin

Бензините од  полноќ поевтинуваат за еден, а дизелот за три денари – одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

pumpmaЛитар ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава за 61 и пол денар, а ЕУРОСУПЕР 98 за 63 и пол денари. Новата цена на дизелот ќе изнесува 43 и пол денари.

Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува најмногу, за 3 и пол денари и од полноќ ќе чини 32 денара за литар. Цената на мазутот исто така се намалува и килограм ќе чини 15,969 денари.

Регулаторната комисија за енергетика објави дека новата цена на горивата е резултат на пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар за речиси 10% и понискиот курс на денарот  во однос на доларот во изминатите две недели.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top