Голем број на Бразилци веќе почнаа да се подготвуваат за најголемиот карневал во светот кој се одржува во Рио, а кој ќе започне на 9.февруари и ќе трае до 12.февруари.
Голем број на Бразилци веќе почнаа да се подготвуваат за најголемиот карневал во светот кој се одржува во Рио, а кој ќе започне на 9.февруари и ќе трае до 12.февруари.
Улиците на Рио се преполни со луѓе кои преку предкарневалски забави ја загреваат атмосферата пред главниот настан.Ако досега праксата на туристите беше да доаѓаат веднаш пред фестивалот за да го видат спектаклот, сега тие доаѓаат и да ги погледнат подготовките. Оваа година се очекува на карневалот да присуствуваат околу пет милиони посетители, а дури 492 улици ќе бидат оспособени за перформансот, кои уште отсега се преполни со луѓе кои танцуваат и се облечени во костими. Иако карневалот ќе почне за неколку дена, туристи од сите страни на светот пристигнаа во Рио. Организаторите овозможија и самите туристи да се вклучат во карневалот, па така на најпознатите плажи Копакабана и Ипанема каде ќе се одржи натпревар во самба, посетителите ќе можат да се облечат во карневалска облека и да се натпреваруваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град