Поради мерките за заштита од коронавирусот COVID-19, без посебни свечености денес се прославува 22-ри април Светскиот ден на планетата Земја.
Поради мерките за заштита од коронавирусот COVID-19, без посебни свечености денес се прославува 22-ри април Светскиот ден на планетата Земја.
Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22-ри април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.
Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.
Како што се посочува во пораката од светската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.
Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град
Известувања