Почнува годината на змејот, година на економска стабилност и војни

Кинеските астролози посочуваат дека овогодинешниов змеј, со сигурност нема да донесе оган и нема шанса да испушти дури ни најмала искра, во однос на светската економија.

 |   | 
god na Zmejot
godina na Zmejot

Во Кина како и во редица други азиски земји денеска се пречекува годината на змејот, според лунарниот календар.

god na Zmejot
Змејот е петтиот од 12-те животински знаци во кинескиот зодијак. Животните се поврзуваат секоја година со древна двојна опозиција на Јин и Јан и со еден од петте елементи – метал, оган, дрво, земја и вода. Секоја индивидуална комбинација се повторува еднаш на 60 години. Годината на Водниот змеј е 29-та од секој 60-годишен циклус. Водниот елемент ја прави 2012 година особено критична.

Пред 60 години, во 1952, која исто така била година на Водниот змеј, кинеската комунистичка партија организираше пет кампањи против капиталистите и испрати свои војски против Тајван, САД и јужнокорејските сили во Корејската војна. Од друга страна, годината на змејот се смета за многу поволна за раѓање. Родилиштата во Кина се подготвуваат за “наплив“ од идните мајки, кои гаат надежи дека нивните мали “змејови“, ќе постигнат големи дострели во животот. Светски познати “змејови“ се кунг фу легендата Брус Ли, таткото на психоанализата Зигмунд Фројд, потоа Салвадор Дали, Џон Ленон, Ракел Велч, Мет Дилон, Мартин Шин, Николас Кејџ, Ал Пачино, Киану Ривс.

“Митологијата може го опишува змејот како огнено чудовиште, но според кинеската астрологија, во него нема ништо огнено што би влијаело врз свестката судбина годинава“, пишува ДПА.

Кинеските астролози посочуваат дека овогодинешниов змеј, со сигурност нема да донесе оган и нема шанса да испушти дури ни најмала искра, во однос на светската економија. Напротив, добра вест е што нештата ќе почнат да се движат по нагорна линија во текот на годинава, бидејќи влијанието на елементот оган ќе донесе повеќе богатство во финансискиот пазар.

Лошата вест е дека годинава, најверојатно, ќе се случат, многу конфликти во светот и евентуални природни непогоди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top