Почина руската оперска легенда

Руската оперска легенда Дмитри Хворостовски почина утрово, на 55 години. Големата музичка ѕвезда ја изгуби борбата со туморот на мозок со кој се бореше во последните две години. Македонија имаше можност да го слушне овој музички гениј, на отворањето на Охридското лето во 2013 година, кога одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар.

 |   | 

Руската оперска легенда Дмитри Хворостовски почина утрово, на 55 години. Големата музичка ѕвезда ја изгуби борбата со туморот на мозок со кој се бореше во последните две години. Македонија имаше можност да го слушне овој музички гениј, на отворањето на Охридското лето во 2013 година, кога одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар.

На Хворостовски му беше дијагностициран тумор на мозокот во 2015 година. Хвросотовски одржа незаборавен концерт во Античкиот театар

– Во името на семејството Хворостовски, со голема жалост објавуваме дека почина Дмитри Хворостовски – сакан баритон, сопруг, татко, син и пријател. Тој почина мирно утрово, опкружен со семејството во близина на неговиот дом во Лондон. Нека топлината на неговиот глас и дух секогаш бидат со нас – објави семејството.

Роден во сибирскиот град Краснојарск во 1962 година, Хворостовски се стекна со популарност откако стана победник на натпреварот BBC Cardiff Singer of the World во 1989 година. Тогаш започна неговата интернационална кариера. Настапуваше во најдобрите концертни сали – Метрополитен, Ројал Опера Хаус во Ковент Гарден, Берлинската државна опера, Миланска Скала, Виенската државна опера.

Легендарниот пејач се врати на сцена кратко по првата сесија со терапија во септември 2015 година. Заедно со рускиот сопран Ана Нетребко, изведе делото „Трубадур“ од Верди, во Метрополитен операта во Њујорк. Кога Хворостовски излегол на сцена, салата еруптирала од аплаузи.

Скромен човек со невидена харизма, Хворостовски беше одушевен од концертот и престојот во Охрид пред четири години. За разлика од многу ѕвезди што доаѓаат на Охридско лето, тој немаше специјални барања, освен во неговата соба да нема цвеќиња со интензивен мирис.

– Македонската публика е многу топла и пријателска. Бев многу среќен што пеев на оваа сцена, возбуден од целата убавина што ме опкружува. Сигурно пак ќе дојдам со моето семејство – изјави Хворостовски по концертот во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top