Пивото ги прави мажите попаметни

Научно е докажано дека пивото ги прави мажите попаметни… ова е податок кој сигурно ќе израдува голем дел од мажите.

 |   | 
pivo
пиво

пивоНаучно е докажано дека пивото ги прави мажите попаметни… ова е податок кој сигурно ќе израдува голем дел од мажите.
Имено, мажите кои пред решавањето на задачите испиле неколку пива имале подобри резултати од оние кои не консумирале алкохол, велат американските научници.
Испитаниците добиле задача на низата од три зборови да го додадат четвртиот збор кој се вклопува во образецот. На пример, на поимот „сирење“ можат да се придружат зборовите „свежо“, „кравјо“, „швајцарско“, „мувлосано“.
Половина испитаници испиле литар пиво, додека другата група не консумирале никaков алкохол. Резултатите покажале дека мажите кои пиеле пиво, оствариле 40 отсто подобри резултати. Оние кои имале мала „помош“ задачите ги решавале 2,5 секунди побрзо од своите трезни соперници.
Научниците заклучиле дека внесот на алкохол сепак го отежнува решавањето на задачите кои бараат поголема способност на меморирање, но затоа, пак, се подобрува работењето на мозокот кога се во прашање креативни проблеми.
Иновациите и новите идеи се јавуваат кога луѓето не се толку фокусирани. Затоа, за будење на креативната свест понекогаш е добро да се испие чаша вино или пиво, велат истражувачите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top