Новото истражување објавено во магазинот „Anals of neurology“ открива дека консумирањето на пиперките може добро да влијае врз мозокот и е добра превенција од можно развивање на Паркинсонова болест.
Новото истражување објавено во магазинот „Anals of neurology“ открива дека консумирањето на пиперките може добро да влијае врз мозокот и е добра превенција од можно развивање на Паркинсонова болест.
Паркинсоновата болест е болест којашто го пореметува движењето. Вистинската причина за болеста се’уште не е позната, но се појавува кога е присутен нерамномерност меѓу два молекули во мозокот – допамин и ацетилхолин. Тие пренесуваат пораки меѓу нервните клетки кои ја контролираат мускулната функција.
Симптомите вклучуваат треперење на телото, забавени движења, вкочанетост и нестабилност. Звучи прилично страшно особено затоа што се’уште не е пронајден лек.
Научниците од Универзитетот Вашингтон спровеле истражување на 490 заболени лица и 644 здрави лица во кое ги зеле во предвид нивните навики во исхраната. Од зеленчукот најефикасна се покажала пиперката, а нејзиното консумирање минимум четири пати неделно го намалува ризикот од развивање на оваа болест за дури 30%.
Резултатите покажуваат дека пиперките содржат мали дози на таканаречен никотин што се јаде. Никотинот во пиперката е сличен на оној во цигарите, но помалку токсичен и штетен за останатите делови на организмот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град