Пијана професорка 23 часа ги испитувала студентите

Усмениот испит кај една професорка во Централна Русија траел дури 23 часа, а за тоа време никој не смеел да ја напушти нејзината предавална, дури ни да оди во тоалет, јавуваат руските медиуми.

 |   | 
profesorka
професорка

Усмениот испит кај една професорка во Централна Русија траел дури 23 часа, а за тоа време никој не смеел да ја напушти нејзината предавална, дури ни да оди во тоалет, јавуваат руските медиуми.

Bad Teacher“Пред крајот на испитот сите седевме целосно исцрпени. Професорката ќе отидеше до другата просторија за да пие, а после се враќаше и го продолжуваше испитот“, рекол еден од студентите за весникот “Московски комсомолетс“.

Испитот на Универзитетот во Казан почнал во 10 часот наутро, а професорката Ландиш Зарипов, ги испрашувала студентите до девет часот следниот ден. Тие изјавиле дека професорката по физика “смрдела на алкохо“, но шефот на катедрата за физика Алберт Аганов тврдел дека тоа не е вистина.

“Да видев дека е пијана, веднаш би ја отпуштил“, рекол Аганов, додавајќи дека на нивниот факултет испитите некогаш навистина долго траат.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top