Парадоксот на пријателството

Вашите пријатели секогаш ќе изгледаат посреќно, побогато и ќе имаат повеќе пријатели од вас. Ама ништо страшно, некој истово го мисли и за вас.

prijateli
пријатели

Вашите пријатели секогаш ќе изгледаат посреќно, побогато и ќе имаат повеќе пријатели од вас. Ама ништо страшно, некој истово го мисли и за вас.

Во 1991-ва година, социологот Скот Фелд направи изненадувачко откритие додека ги проучувал карактеристиките на општествените мрежи.
Фелд пресметал дека просечниот број на пријатели кои ги има одредена личност е секогаш помал од бројот на пријатели кои тие пријатели ги имаат, или упростено – вашите пријатели имаат повеќе пријатели од вас.

Оттогаш истражувачи го проучувале т.н. парадокс на пријателство во секакви ситуации. На Фејсбук, вашите пријатели имаат повеќе пријатели од вас. На Твитер, имаат повеќе следачи. Во вистинскиот живот, вашите сексуални партнери имале повеќе партнери од вас. Барем во просек.

prijateliНо дали вашите пријатели се посреќни, побогати или едноставно – подобри од вас? Тоа уште не е разјаснето бидејќи среќата и богатството не се директно претставени во топологијата на мрежите на пријатели.

Благодарение на двајца научници од Финска и Франција, го имаме одговорот. Краткиот одговор е: да, вашите пријатели веројатно се побогати од вас. Парадоксот на пријателство го потврдува тоа и може да се примени и за богатство и среќа.

Ова сериозно влијае врз начинот на кој луѓето се перцепираат себеси со оглед на тоа што нивните пријатели секогаш ќе изгледаат посреќо, побогато и попопуларно од нив.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top