На 3048 метри надморска височина во Хималаите се наоѓа Тензинг Хилари Аеродромот во Лукла, Непал. Овој аеродром е еден од најпасните аеродроми токму поради оваа надморска височина како и кратката и тесна писта која завршува со бездна.И покрај тоа што е еден од најопасните аеродроми, Лукла е и еден од најпрометните во Непал. Планинарите постојано се обидуваат да ги освојат највисоките планини, а со цел да ја започнат таа авантура, мораат да слетаат на ова место, така што секојдневно на оваа писта слетуваат мали авиони и хеликоптери. За повеќето планинари слетувањето на овој аеродром е многу …
Елизабета Втора за 2014-та ,која очигледно се очекува да ја истера до крај, ќе добие 5% поголема плата, и ќе изнесува колку платата на Коби, ЛеБрон и Тони Паркер заедно.Платата на Кралицата за следната година ќе изнесува 58 милиони долари, а покачувањето се должи на рекордниот профит од 386 милиони долари од имотот на кралското семејство. Според правилата воведени во 2010-та, кралицата има право на 15% од оваа добивка.”Добрата работа за нацијата е што профитот од имотот на кралското семејство прво се влева во државниот буџет. Потоа на Кралицата секоја година и се исплаќаат 15% од профитот о…
Сахара е најголемата пустина на Земјата. Животот таму сега е невозможен, но само пред неколку илјади години, таа била дом на рани човечки цивилизации.Денес, пустината е огромна и тешка за истражување. Повеќе храбри археолози кои патувале подлабоко во пустината во изминативе неколку стотици години откриле нешто неверојатно. Таму има огромни мурали со палеолитска уметност кои се стари најмалку 10.000 години. На муралите се гледа животот на луѓето од најстарите времиња, но и од бронзената ера и луѓе на коњи. Прашањето тука е: што се случило со овие луѓе? Каде заминале и како живееле на такво м…
Не станува збор за ајкулата, ниту за змијата. Најопасното суштество во светот е маларискиот паразит кој го носат комарците. Низ целиот свет, овој паразит убил повеќе луѓе од сите војни и природни катастрофи. Маларијата ретко се наоѓа во развиените земји, но таа сè уште претставува страшен убиец во тропските региони. Секоја година, болеста предизвикува приближно 2,7 милиони смртни случаи низ целиот свет. Од овој број, речиси 75% се африкански деца. Паразитот кој ја предизвикува маларијата е наречен плазмодиум. Постојат 4 видови од овој паразит и секој од нив има свои карактеристики. Од малар…
Иако првата била наменета за снимање со диктафон, музичката индустрија го препознала потенцијалот, а аудио касетите какви што ги познаваме денес, станале омилен медиум меѓу младите.Аудио касетите за прв пат се појавиле во 1963 година, а масовното производство започнало година дена подоцна во Хановер, Германија. Меѓутоа, претходно снимената касета (“Musicassettes” или “MC”) во Европа се појавила дури во 1965 година.Сепак, најголема популарност касетата доживеа во 80-те, со појавувањето на “hi-fi” системот и Walkeman-от на Sony, кој за прв пат се појави во 1979 година.Постарите генерации добр…
Мускулите почнуваат да ви атрофираат, кожата полека увиснува надолу, забележувате дека масното ткиво од ден на ден се повеќе се зголемува, а тукушто сте наполнале 40 години.Вашите најголеми стравови се остваруваат, бидејќи не сте можеле ни да замислите дека ќе дојде до така очигледни промени во оваа фаза од животот. Дури и наивно сте мислеле дека тоа никогаш нема на вас да ви се случи. Верувале или не, мажите исто како и жените во тие години полека навлегуваат во таканаречената фаза климактериум и симптомите од оваа состојба се исто така очигледни и кај нив.Машката верзија на менопауза ќе ј…
Во 1936, Владимир Лукјанов изградил воден компјутер кој бил најголемиот компјутер на светот кој се користел за решавање диференцијални равенки. Овој вид аналоген компјутер наречен „воден интегратор“ бил изграден во Советскиот сојуз во 1928. Нивоата на водата во повеќето простории претставувале запишани броеви. Брзината на течењето на водата помеѓу цефките ги претставувала математичките операции. Овие водни компјутери биле користени во СССР за големи пресметки пред усовршувањето на дигиталните компјутери.Русија го смета компјутерот на Лукјанов како споменик на науката и технологијата. Компју…
Патувањата на плажа во САД во минатото биле стандардна семејна активност од почетокот на 20 век и со тек на време еволуирале во модерна, крајбрежна активност. Одморите на плажа почнале да стануваат популарни по појавата на железничкиот превоз, како достапно средство за транспорт. Дали некогаш сте се запрашале како изгледале костимите за капење во тој конзервативен свет? Во тоа време постоеле костими за капење, но многу поинакви од она што денес ние подразбираме под костими за капење. Во тој перииод жените носеле целосни широки, сифонски доколенки. Иако во тој период штетните УВ зраци биле н…