Машката менопауза

Мускулите почнуваат да ви атрофираат, кожата полека увиснува надолу, забележувате дека масното ткиво од ден на ден се повеќе се зголемува, а тукушто сте наполнале 40 години.

andropauza
андропауза

Мускулите почнуваат да ви атрофираат, кожата полека увиснува надолу, забележувате дека масното ткиво од ден на ден се повеќе се зголемува, а тукушто сте наполнале 40 години.

Вашите најголеми стравови се остваруваат, бидејќи не сте можеле ни да замислите дека ќе дојде до така очигледни промени во оваа фаза од животот. Дури и наивно сте мислеле дека тоа никогаш нема на вас да ви се случи. Верувале или не, мажите исто како и жените во тие години полека навлегуваат во таканаречената фаза климактериум и симптомите од оваа состојба се исто така очигледни и кај нив.

Машката верзија на менопауза ќе ја препознаете по следниве симптоми: проблеми со мокрење поради зголемената простата, и кога покрај физичките промени ќе почувствувате дека енергијата ви е на минимум, дека сте омалаксани, нервозни и депресивни, дека ерекцијата е се поретка, а сексуалниот апетит се послаб.

andropauzaСпоред експертите оваа појава се нарекува андропауза која ги погодува сите мажи без исклучок.Андропаузата е збир од симптоми како последица од намаленето лачење на тестостерон и намалување на неговата концетрација во крвта. Ова се случува после 40-та година, со тоа што симптомите се појавуваат малку подоцна, па поголемиот дел од мажите стануваат свесни за овие промени дури околу 50-та година од својот живот.

Важно е да се напомене дека оваа појава настапува многу порано кај мажите кои имаат нездрави животни навики како пушење и пиење и улогата на многу силниот фактор – стрес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top