Окт 30, 2013

USS Zumwalt – металното чудовиште на американската морнарица

Американската воена морнарица го претстави најновиот брод – разурнувач. Еден од најголемите во историјата и со невообичаен облик. USS Zumwalt (DDG-1000) – е тип на воен брод што ќе биде многу тешко да се открие на радар, има тешко наоружување, суперпрецизни топови и проектили.Должина – 182,9 метриБрзина – 56,1 км на часКолку чини производството? – Требаше околу 3,5 милијарди долари, а излезе дупло.За сè вградено на бродот да функционира, потребна е електрана која може да снабди со енергија 78.000 домаќинства.{loadposition content9}

Окт 30, 2013

Зошто боите на есента се толку убави?

Можеби некогаш сте се запрашале кој е виновен за прекрасните есенски бои? Листовите во себе содржат хлорофил, а тоа е она што ги прави зелени. Но сите зелени растенија во себе имаат и група хемикалии наречени каротеноиди. Кога се сами, тие ја даваат жолтата или портокаловата боја на растенијата. Тие ја даваат бојата на пченката и морковот.Каротеноидите се невидливи под хлорофилската зелена боја на листот поголемиот дел од годината. Наесен, кога листовите се приближуваат кон крајот на својот животен циклус, хлорофилот се разложува и се разоткрива жолто-портокаловата боја под него.Повеќето др…

Окт 28, 2013

Лу Рид замина во историјата

На 71-годишна возраст почина Лу Рид, еден од највлијателните текстописци и гитаристи во последните 50 години, јави магазинот „Ролингстоун“.Причината за смртта сè уште не е позната. Тој во мај годинава (2013) имал трансплантација на црниот дроб.Луис Алан Рид – Ли во средината на шеесетите години се здружил со Џон Кејл, за подоцна да го оформат култниот бенд „Велвет андергроунд“ заедно со Стерлинг Морисон и Морин Такер.Заедно го „фатиле“ вниманието на Енди Ворхол кој ги инкорпорирал „Велветите“ во „Експлоудинг пластикс иневитабл“.Рид се разделил од бендот „Велвет андерграунд“ во 1972 година и…

Окт 28, 2013

Отров или лек?

Низ светот милиони луѓе не можат да си замислат денот да не го почнат без миризливо кафе. После првата шолја кафе тие се веќе подготвени за новиот ден, а причината за ова не лежи само во вкусот и аромата на овој пијалок. „Кофеинот во кафето го стимулира нервниот систем и срцето“, вели Куно Гутлер, фармаколог и токсиколог на Универзитетската клиника во Келн. „Тој го подобрува протокот на крвта во мозокот и на тој начин овозможува повеќе килсород. Затоа човекот се чувствува подобро и може повеќе да размислува“.Овој експерт има и други добри вести за љубителите на кафето: тоа може да ја намали…

Окт 21, 2013

Колку пари дневно прави Чико „Гугл“?

Компанијата Гугл оствари резултати подобри од очекуваните во изминатиот квартал, односно во периодот од јули до септември забележала заработка од 2,97 милјарди долари, односно дневно близу 34 милиони долари.Приходите на компанијата се зголемени пред се поради огласувањето, а секторот за мобилна телефонија, кој го претставува Моторола, и понатаму бележи губитоци.Акциите на компанијата после објавувањето на податоците забележаа рекордна вредност од 941,25 долари, со раст од 6%.Платените кликови забележаа раст од 28% во однос на третиот квартал од минатата година, а 8% во однос на претходниот….

Окт 21, 2013

„Li-FI“ светилки, од каде ако не од кинеската кујна

Група на кинески научници од Шангај Универзитетот добија интересна идеја: Светилка која произведува сопствен Wi-Fi сигнал. Технологијата е наречена Li-Fi, а прототипот работи подобро од просечната интернет поврзаност во Кина.Научниците со поставување на 4 компјутери во близина на Li-Fi светилката, откриле дека сите се поврзани на интернет преку користење на светлосните фреквенции наместо вообичаените радио бранови. На светилките е вграден микрочип кој произведува сигнал, давајќи брзина од 150 mbps – далеку побрзо отколку типични интернет конекции во Кина.Една од предностите е тоа што Li-Fi …

Окт 17, 2013

Кинезите пред Колумбо знаеле за Америка

Контроверзниот историчар Гевин Мензис тврди дека оваа карта од 1418 година докажува дека Новиот Свет бил откриен од адмиралот Тој Женг од Кина, некои 70 години пред Колумбо. Мензис, кој е омилен помеѓу екстремните историчари неодамна ја објави книгата „Who discovered America“, во која тој открива неколку тврдења – вклучувајќи го и тврдењето дека кинеските морнари биле првите кои го преминале Тихиот Океан пред околу 40.000 години. Ова е најновата серија на книги во кои тој ја наметнува прилично чудната теорија дека кинеските морнари ги открија континентите на Новиот Свет.Во неговата книга, т…

Мај 21, 2021

Лејди Гага со потресна исповед: „Ме силуваше продуцентот, а потоа забременив!“

Најновите детали за хоророт, за кои зборуваше и претходно, ги презентираше како гостин во емисијата „The Me You Can’t See“ на Епл ТВ +, зад која заедно со американската водителка Опра Винфри стои британскиот принц Хари, чиј концепт е дизајниран така што светските познати личности ги откриваат своите психолошки тешкотии и борби во текот на нивниот живот. – Имав само 19 години и полека станував дел од бизнисот, а потоа продуцентот дојде еден ден и само ми рече: „Соблечи се“. Реков „не“ и заминав, но тој постојано ми се закануваше и ми велеше дека ќе ја уништи целата моја музика, сè за што су…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top