Лу Рид замина во историјата

На 71-годишна возраст почина Лу Рид, еден од највлијателните текстописци и гитаристи во последните 50 години, јави магазинот „Ролингстоун“.

Lou Reed
Лу Рид

На 71-годишна возраст почина Лу Рид, еден од највлијателните текстописци и гитаристи во последните 50 години, јави магазинот „Ролингстоун“.

Lou ReedПричината за смртта сè уште не е позната. Тој во мај годинава (2013) имал трансплантација на црниот дроб.Луис Алан Рид – Ли во средината на шеесетите години се здружил со Џон Кејл, за подоцна да го оформат култниот бенд „Велвет андергроунд“ заедно со Стерлинг Морисон и Морин Такер.Заедно го „фатиле“ вниманието на Енди Ворхол кој ги инкорпорирал „Велветите“ во „Експлоудинг пластикс иневитабл“.

Рид се разделил од бендот „Велвет андерграунд“ во 1972 година и го издал својот прв соло-албум „Трансформер“, кој му обезбеди база на обожаватели на ниво на култ.Познат по прекумерното уживање во дроги и див секс во седумдесеттите години, тој во осумдесеттите години од минатиот век се свртел кон покомерцијален пристап во музиката.Во 2008 година се оженил со музичарката и изведувачка на перформанси Лори Андерсон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top