Кога Сонцето ќе зајде месецов во Бароу, Алјаска, тоа ќе остане под хоризонтот 65 дена. Бароу има 4.000 жители и е најсеверен град во САД. Просечната висока температура останува под нулата од декември до март. Градот е неверојатно изолиран и нема пат со кој може да се стигне до градот.Бароу е дом на многу истражувачки центри кои обезбедуваат работа за жителите. Овие центри со себе донеле и вода и болница, кои се користат од сите жители. Жителите на Бароу велат дека уживаат во заедницата и културата која е уникатна во нивниот град.{loadposition content9}
Иако сите предвидувања од почетокот на оваа година укажуваа дека кометата Исон (С/2012 Ѕ1) ќе претставува навистина спектакуларна појава на небото кон крајот на годината (повпечатлива и од Халеевата комета), сепак до тоа најверојатно нема да дојде.Меѓутоа, од почетокот на ноември, Исон нагло ја зголеми својата јонска опашка и општата сјајност. Од небесна појава со визуелна магнитуда 11 (едвај видлива со аматерски телескопи), овие денови веќе има магнитуда 8-9, а во наредните десетина дена се очекува таа да достигне 5-6, односно да биде видлива со голо око. И од Македонија деновиве Исон се п…
Сигурно повеќето од вас имаат страв од машинката на стоматологот, а нејзиното бучење ви создава морници низ вашето тело, меѓутоа она што се случува во мозокот веќе долго време е мистерија.Сега, научниците од Јапонија веруваат дека се блиску до одговорот после скенирањето на човечкиот мозок додека во позадина се слушаат стоматолошките машинки и инструменти.Луѓето кои се преплашени од посетата на стоматолог покажале значајни разлики во нивните мозочни реакции, во споредба со оние кои биле порелаксирани, вели истражувањето кое беше претставено на состанокот на Друштвото на невронауката кое се …
Кај нас се кука на Фејсбук и се бара утеха во мачки, а во Кина има посебен ден посветен на оние што не можат да најдат љубов. И на тој ден, сите трошат ко луди.Во Кина, Денот на самците се слави на 11-ти ноември (11.11) заради симболиката на четирите единици кои претставуваат „голи гранки“ (инаку кинески сленг за ергени).Традицијата почнува пред 20 години како шега по факултетите, а поводот е признавање на чувствата кон некој. Но од 2010-та година, онлајн продавниците го претвориле празникот во епска шопинг екстраваганца слична на американскиот Сајбер понеделник.Кина има 271 милион онлајн п…
Малечкото античко село во југоисточна Полска наречено Залпие е дефинитивно едно од најубавите и најпосететните туристички атракции на Полска, не поради тоа што има хотели со пет ѕвезди, туку напротив, поради малите дрвени колиби, кои се исцртани со различни бои.Оваа прекрасна традиција започнала пред повеќе од еден век, кога секоја жена од селото започнала да го црта својот дом со цветни мотиви, со кои покривале некои од урнатините на нивните куќи. Бидејќи жените не можеле да цртаат професионално, ниту пак имале професионална опрема, тие ги создавале четките самите, користејќи ја косата од …
Станува збор за костенот, високо квалитетно овошје кое е полно со енергија. Искористете ја сезоната и искористете ги неговите витамини и минерали.Костенот е овошје кое содржи ниско ниво на масти, односно еден грам масти и помалку од 70 калории на еден грам. Покрај тоа, ова е единствен зрнест плод кој содржи витамин Ц, па така само 85 грама костени содржи 45% од дневната потреба.Друга интересна карактеристика е тоа што костенот е богат со фолна киселина што е инаку типично за зелениот зеленчук, а не за зрнестите плодови. Приближно 100 грама костени нудат 62 µg фолати (или 15.5%). Така што, о…
Дури 69 станици во бриселското метро добиле нови имиња, според влијателни жени од светот на политиката, науката, економијата, уметноста и спортот. Покрај Есма, метро станици се именувани и во чест на Роза Луксембург, Ангела Меркел, Мараја Кери, Маргарет Тачер, Одри Хепберн, Коко Шанел…
Идејата за „Главен град на Европа, жените на Европа“ е на доверителот на „Пријатели на Европа“ и на ирската новинарка Мери Фицџералд, која рече дека сака да раскаже нова приказна за Европа што ги надминува јазикот и националноста.„Ја редизајниравме мапата на метрото во Брисел, со цел да им оддадеме почит на …
Најпрво мора да напоменеме дека доколку ви одговара, одлично е да сте ноќна птица. Нема причина за да се менувате, особено ако не ви пречи и ако сте задоволни.Меѓутоа доколку се одлучите за промена на вашиот животен ритам, ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да станете ранобудни.Поздравете го денотНема нешто поубаво кога ќе станете рано и кога ќе го поздравите прекрасниот ден. Ви препорачуваме да си создадете некој утрински ритуал во кој ќе го поздравите денот. Далај Лама рекол: Секој ден кога ќе се пробудиш помисли – среќен сум што се разбудив денес, што сум жив/а, што го имам свој…