Брисел именуваше метро станица во чест на Есма Реџепова

Метро станица во Брисел, Белгија е именувана според легендарната кралица на rомската песна, Есма Реџепова. Одлуката доаѓа со цел да им се оддаде почит на жените кои придонеле во обликувањето на историјата на Европа, пренесуваат белгиските медиуми.

 |   | 

Дури 69 станици во бриселското метро добиле нови имиња, според влијателни жени од светот на политиката, науката, економијата, уметноста и спортот. Покрај Есма, метро станици се именувани и во чест на Роза Луксембург, Ангела Меркел, Мараја Кери, Маргарет Тачер, Одри Хепберн, Коко Шанел…

Идејата за „Главен град на Европа, жените на Европа“ е на доверителот на „Пријатели на Европа“ и на ирската новинарка Мери Фицџералд, која рече дека сака да раскаже нова приказна за Европа што ги надминува јазикот и националноста.
Ја редизајниравме мапата на метрото во Брисел, со цел да им оддадеме почит на овие жени, кои ја обликуваа Европската историја. Само две станици во Брисел беа именувани според жени, кога се улиците во прашање, дури 14 пати повеќе се сретнуваат имиња на мажи, отколку на жени, а во Париз само четири од вкупно 302 метро станици се именувани според жени“ – велат од здружението ,,Пријатели на Европа” кои стојат зад проектот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top