Окт 12, 2015

Охрид ќе добие уште еден луксузен хотел на својата ривиера

Сахара Групацијата најави дека првичните подготовки за реконструкција на хотелот “Славија” завршија, а градежните работи ќе започнат до крајот на месецов. Со ова, Групацијата покажа дека сè уште се активни и оперативни во Македонија, преку инвестирање во туристичко – угостителскиот сектор. Истовремено, тие најавија и нови вработувања. “Сахара Групацијата е посветена кон своите инвестиции во Република Македонија, иако не беше во можност да ги оствари своите заложби во земјоделскиот сектор. Моментално се фокусираме кон туризмот и угостителството. Сахара моментално е поддржана преку своите кан…

Окт 8, 2015

Повлечен законот за забрана за објавување на „бомбите“

Предлог законот кој се однесува на прислушуваните материјали вечерва, околу 20 часот е повлечен, јави телевизија „Телма“.Како што пренесува истиот извор, тоа, по завршувањето на собраниската седница во собраниските служби го сториле поднесувачите на овој закон, пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери и Крсто Мукоски. Одлуката за повлекувањето на законот е донесена откако Џафери, конечно дал согласност во интерес на продолжувањето на преговорите за изборната регулатива, кои синоќа беа блокирани токму поради овој спорен закон поради кои на нозе се дигаа новинарите и дел од јавноста. …

Окт 6, 2015

„Pim i Pom“ анимираната авантура во Охрид

На кино репертоарот анимираниот филм наменет за најмладите “ПИМ и ПОМ”- синхронизиран на македоски јазик, во деновите 7-ми, 8-ми и 9-ти октомври 2015 година.Пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и ПОМ ќе се стави на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот дома.Оригинален наслов: Пим и ПОМ / Het Grote AvontuurГодина: 2014Жанр: анимацијаРежија: Глорија СмитВреметраење : 70минНУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид,Почеток 18.00 часот / влез 100 денари.

Окт 5, 2015

Фестивал на новиот германски филм

НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на Германија организира Фестивал на новиот германски филм.Фестивалот свечено ќе биде отворен на 10-ти октомври (сабота), со криминалистичкиот филм „Роден во болка“, со почеток во 20:00 часот.Во рамките на фестивалот ќе може да се проследат и филмовите:- Феникс – драма / 11.10.2015 / 20.00 часот- Хакери – трилер / 12.10.2015 / 20.00 часот- Лола на грашокот – детски филм 13.10.2015 / 11.00 часот- Спасете го Рафи – детски филм 13.10.2015 / 13.00 часот- 300 Збора Германски – комедија 13.10.2015 / 20.00 часотВлезот е слобо…

Окт 5, 2015

Каде оди македонското огревно дрво?

Државата го сече и продава. Шумите ги снемува, полицијата апси дрвокрадци, а се зборува за бизнис од вртоглави десетици милиони евра, пишува „Телма“.Но, на „далечниот исток“ од земјата, како што вели дедо Арсе од село Добрево никој не видел ниту пак може да купи огревно дрво. 30 години минал во окната на пробиштипските рудници сега заработува со секирата. Ги сече туѓите дрва, но не и неговите.Заради оваа куќа и 8-те месеци помалку стаж за него нема ниту пенезија, ниту социјално, а ниту дрва кои државата ги нуди како социјална мерка. Додека дедо Арсе прибира што ќе најде, скопските шпорети г…

Окт 5, 2015

Катастрофално невреме го покоси југот на Франција

Најмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција, западно од Кан.Невремето, проследено со пороен дожд, предизвикало нагло зголемување на нивото на реките, од кои поголемиот дел се излеале од своите корита поплавувајќи ги околните реони и создавајќи неколку свлечишта.Надојдените води однеле повеќе возила во морето, а поради поплавите десетина возови заглавиле на железничките станици или пругите.

Окт 2, 2015

Светскиот ден на срцето ќе се одбележи и во Охрид

Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и локалната самоуправа во Охрид ќе се одбележи одбележи Светскиот ден на срцето. Светскиот ден на срцето, 29- ти септември, е годишен настан кој се одбележува секоја година од 2000 година и има за цел да ја направи што подостапна  информацијата  дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот  и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно.Секоја година одбележувањето на овој ден има ралично мото кое опфаќа прашања и теми поврзани со здравјето на срцето. Годинашното мото е „ Создава…

Окт 2, 2015

Нов масакр во САД

Најмалку 10-тина лица загинаа , а повеќе од 20 се  ранети во пукотници кои се случија на колеџ во американската сојузна држава Орегон.Ова не е конечна бројка на настраданите бидејќи вестите за билансот на жртвите во американските медиуми постојано се менува. Според информации на полицијата од областа Далас потвредно е дека имало пукотници во кругот на кампусот „Ампка“  во градот Роузберг во државата Орегон.Полициските служби се уште не даваат официјални потврди за причините на овој крвав настан.Очевидците  изјавија дека луѓето бегале на сите страни.Полициски служби во голем број го обезбеду…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top