Окт 29, 2015

Промоција на делото „Подводна и хипербарична медицина“ од  д- р Горан Балевски

Утре, 30- ти октомври, со почеток во 18 часот во големата општинска сала ќе се изврши презентација на книгата „Подводна и хипербарична медицина“ од  д- р Горан Балевски.Книгата која е издадена на македонски и англиски јазик ќе ја презентира проф. Д- р Здравко Тројачанец.

Окт 28, 2015

„Последниот Македонец – патот до истребување“ на кино репертоарот во Охрид

„Последниот Македонец – патот до истребување“, режисерското дело на Илија Пиперковски претстојниот викенд ќе биде премиерно прикажан во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, САБОТА 31-ви Октомври,со почеток 20.00 часот, влез 100 денари.Кино проекции во деновите 1-ви, 2-ри и 4-ти Ноември 2015 година со почеток во 20.00 часот.Во главните улоги ќе имаме можност да ги видиме Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска. Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија, татковина ра…

Окт 27, 2015

Утре на небото посебен астрономски настан

Јупитер, Венера и Марс оваа недела ќе формираат спектакуларна глетка на небото, што ќе се повтори дури во 2021 година.Нашите соседни планети Јупитер, Венера и Марс ќе бидат јасно видливи на ноќното небо. Најблиску ќе бидат во среда, на 28 октомври, кога ќе формираат блиска врска што ќе биде видлива со голо око.За да се погледа овој феномен, ќе треба да се набљудува кон исток, а најдобар период е во раните утрински часови.Појавата на формацијата на широк триаголник уште и се нарекува „планетарно трио“.

Окт 22, 2015

Хоророт „Тело“ наскоро во Охрид

Охридските љубители на на хорор филмовите, на 26-ти и 27-ми октомври 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност да го проследат филмот „Тело“.Ова хорор филмско остварување е во режија на Дан Берк и Роберт Олсен ја имаше својата светска премиера во јануари 2015 година.Почетокот на проекциите е во 20 часот, а влезот чини 100 денари.

Окт 21, 2015

„Вечера за глупаци“ на репертоарот на Народниот театар од Охрид

НУЦК “Григор Прличев”- Охрид и Народен Театар Охрид овој петок 23.10 ќе ја постави театарската претстава ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ, работена по делото на Франсис Вебер.Во претставата играат граат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Павел Маслов. Режијата е на Ирена Стеријовска, додека сценографијата на Стефан Спировски.Претсавата започнува во 20.00 часот во малата сала на центарот, а цена на билетот изнесува 150 денари.Карти во продажба на билетарата на Центарот.

Окт 21, 2015

„Блиска средба“ за десет дена

Експертите на американската агенција за вселенски истражувања NASA откриле гигантски астероид, кој на 31-ви октомври ќе ѝ се приближи на Земјата на рекордно блиско растојание во последните девет години, јавува „Макфакс“.Брзината со којашто ова вселенско тело ѝ се приближува на Земјата, изнесува 35 километри во секунди, што е невообичаено висок показател, истакнуваат американските научници. Објектот, кој е означен со 2015 TB145, ќе мине крај нашата планета на оддалеченост од 499.000 километри, што е еднакво на 1,3 растојанија од Земјата до Месечината. Според истражувачите, дијаметарот на аст…

Окт 20, 2015

Нема договор

Лидерската средба на партиите потписнички на договорот од Пржино во резиденцијата на ЕУ во Скопје заврши без договор.По маратонски 12 часа преговори, први си заминаа претседателите на ДПА, Мендух тачи, и на ДУИ, Али Ахмети. Тачи не даде изјава за медиумите, а Ахмети рече дека партиите се договориле да продолжат средбите на работните групи.- Не е постигнат конечен договор, ама за некои работи ставовите се доближија. Се договоривме средбите на работните групи да продолжат за да се договориме за законот за влада и за надлежностите на министрите – изјави Ахмети.Според него, освен на законот за …

Окт 19, 2015

5 години „Бреинобреин“

Охридските генијалчиња од Центарот за развој на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид заедно со своите родители и  инструкторите-тренери, во прекрасно дружење со игра и забава го прославија 5-годишниот јубилеј, роденден на најстариот-првоотворен  ваков центар во Македонија и на балканот.Во едукатвниот Центар БОБ-Црвен крст Охрид Бреинобреин програмата ја следат преку 70 деца. Со оглед на постигнатите резултати (две генерации ученици  со завршено највисоко десетто ниво, бројни награди на државните и интернационални натпревари на Бреинобреин програмата, докажани, високо професионални и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top