Нема договор

Лидерската средба на партиите потписнички на договорот од Пржино во резиденцијата на ЕУ во Скопје заврши без договор.

lideri

Лидерската средба на партиите потписнички на договорот од Пржино во резиденцијата на ЕУ во Скопје заврши без договор.

lideriПо маратонски 12 часа преговори, први си заминаа претседателите на ДПА, Мендух тачи, и на ДУИ, Али Ахмети. Тачи не даде изјава за медиумите, а Ахмети рече дека партиите се договориле да продолжат средбите на работните групи.

– Не е постигнат конечен договор, ама за некои работи ставовите се доближија. Се договоривме средбите на работните групи да продолжат за да се договориме за законот за влада и за надлежностите на министрите – изјави Ахмети.

Според него, освен на законот за Влада, со кој што треба да се прецизират надлежностите на министрите, договор немало и поради несогласувањето околу (не)објавувањето на т.н. бомби на опозицискиот СДСМ.

По заминувањето на лидерите на двете најголеми албански партии, неофицијално, еврокомесарот и амбасадорите останале во резиденцијата на ЕУ за да се обидат да ги намалат разликите во ставовите по клучните прашања меѓу премиерот и лидерот на опозицијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top