По терористичките напади во Париз, во кои загинаа 129 луѓе, фокусот е на истрагата. Првиот идентификуван терорист е Омар Исмаил Мостефаи, 29-годишен, со алжирско потекло, а израснат во Франција.Тој бил еден од тројцата напаѓачи во концертната сала Батаклан, каде загинаа најмногу луѓе. Неговото идентификување е направено преку откинат прст пронајден во Батаклан. Омар Исмаил Мостефаи бил осудуван 8 пати меѓу 2004 и 2010 година, но никогаш не бил во затвор. Бил во списокот fiche S (за лица кои претставуваат потенцијална опасност за националната безбедност) од 2010 година.Уште две имиња се спом…
Театарската група при Црвен крст Охрид вчера имаше настап на Форум театар во Куманово, во рамки на Проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој“, во организација на Интер Етник Проект ИПГ – Гостивар и Министерство за здравство, со своја театарска претстава „Кажи НЕ на дрогата, кажи ДА на животот“.Во претставата која е со едукативен карактер, учествуваа 5 млади волонтери на Црвен крст Охрид кои вчера испратија силна порака до кумановската публика, особено младите, да ги согледаат последиците од злоупотребата на дрога и да изберат здрав живот.Црвен крст Охрид секоја г…
Со новиот Закон за заштита на приватноста се утврдува заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година. Овој закон беше изгласан во пакетот закони кои беа договорени од страна на политичките лидери со договорот од Пржино.Со законот се утврдува забрана за поседување, обработка, јавно објавување на материјалите од незаконско следење на комуникации кои претставуваат повреда на приватноста на лич…
Во четврток на 12-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведен поетскиот проект „Парче душа“ од Љупчо Тодоровски-Упа, во музичка придружба на Фредерик Деларуа.-„Парче душа“ со години се изведува ширум Македонија и насекаде предизвикува возбуда, но и по некоја солза. Наменет е за средните училишта и има интерактивен пристап со публиката. Смислен е така да биде и интересен и корисен. На едноставен начин и со показ, практично ги совладува тешките методските единици поезија и стилски фигури и ги анализира песните од сите години, се вели во најавата за проектот….
Станува збор за копродукција на две приватни продуцентски компании, Медијаван Груп и Паломар ДОЦ, кои се занимаваат со документарни филмови и новиот оддел на италијанската телевизија Раи, РАИ Документари, а филмот треба да се емитува на 15 декември 2021 година на РАИ-1.
Со над милијарда прегледи на социјалните мрежи, Bella ciao е најслушаната италијанска песна во светот во последните неколку години.
Стана симбол на борба и отпор низ целиот свет. Во последните 25 години ја пееја учесници во бројни немири, протести и штрајкови, од учесниците во Арапската пролет до демонстранти кои учествува…
Црвен крст Охрид ќе биде домаќин на промоцијата на музичкиот албум „Ретро перспектива“ на младата битолска џез и поп пејачка Стефанија Милевска, која преку песната ширејќи позитивната мисла ќе допре до сите срца.Овој невообичаен и интересен музички перформанс ќе го збогатат со својот настап на знаковен јазик и штитениците од Заводот за оштетен слух и говор во Битола, како и неколку денс студија од Охрид.Настанот ќе се одржи на 09.11.2015 г. (понеделник) во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 ч. Влезот е слободен.Ги покануваме нашите сограѓани да го проследат овој настан и …
“ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“, дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио, на 14-ти ноември ќе ја доживее Охридската премиера како филм од официјалната селекција на овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм Синедејс.Почеток 20.00 часот, влез 100 денари, кино проекции од 14-ти до 20-ти ноември 2015 година.До сега, филмот се прикажа на 39. Филмски Фестивал во Монтреал и 51. Интернационален Филмски Фестивал во Чикаго, два големи светски фестивали, а најавено е учество на уште неколку фестивали во Европа.„Три дена во септември“ е психолошки трилер, в…
ХАЈ – ФАЈ / ПОНЕДЕЛНИК 9-ти ноември 2015/ почеток 20.00 ч / влез 50 денариГодина: 1987Траење: 102 минутиФилмот “ХАЈ – ФАЈ” создаден е според мотивите на истоимената театарска пиеса на Горан Стефановски.Борис Бојановски, после пет години поминати во затвор, не успева да се снајде во ситуација која што ја наоѓа во сопствениот дом. Судирот со син му започнува околу некои тривијалности, но многу бргу се продлабочува во суштински генерацијски конфликт.Филмот го следи развојот на односите помеѓу таткото и синот, врз кои се рефлектираат и некои пошироки општествени проблеми на современиот македо…