Охридските љубители на филмската уметност на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември 2015 година, во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да го погледнат филмот „Збор” од режисерот Слободан Деспотовски.Филмот е реализиран од страна на „СД Продукција“ со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и МРТ. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.Филмот ја раскажува приказната за двајца пријатели: Горди – кој го почитува з…
Под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“ денеска ќе се означи почетокот на 16-дневната кампања за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.По овој повод, денеска на плоштадот „Филип втори“ во Скопје над 100 граѓани ќе формираат портокалова панделка за почеток на кампањата, која се спроведува во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија.Целта кампања е запирање на кршењето на…
Од специјалното обвинителство се обратија со соопштение во кое во последниот пасус се наведува дека предметите за „бомбите“ се анализираат откако добиле известување од државното обвинителство.- Потврдуваме дека од нивна страна (од државното обвинителство) доставен е одговор и во овој момент ги анализираме доставените податоци со цел да утврдуваме кој од предметите има приоритет и веднаш треба да се превземе. За сите детали околу преземањето на предметите дополнително ќе бидете известени на 26.11.2015 година (четврток), Соопштение на специјалното обвинителство.Во наредните 3 дена ќе се анали…
Овој пат „жртва“ беше директниот ривал за втората позиција во Супер лигата, екипата на „Работнички“. Во завршницата на совршениот натпревар, гладијаторите славеа со 24-20.Ракометниот клуб Охрид впиша нови бодови на суперлигашкото конто откако пред своите гледачи го совлада Работнички (24-20) во дербито во 10-та рунда. Со овој овој петти по ред триумф охриѓани го „турнаа“ Работнички на третата позиција во елитата. „Гладијаторите“ одиграа перфектен натпревар и на крајот заслужено славеа со 24-20. Печат на петтата победа во серија охриѓани ставија со цепелин во режија на Малик Хогас и Валентин…
Музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција и го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот допринос во ширењето на француската култура и уметност. Одликувањето „Витез на уметноста и книжевноста“ кое го доделува француското Министерство за култура и комуникации, спаѓа во четирите најважни одликувања во Франција.
Ова признание ме прави бескрајно среќна, но уште повеќе ме…
Во предворјето на најавените предвремени парламентарни избори, кои и власта и опозицијата ги сметаат за исторски и одлучувачки, се чини дека повторно партиите завземаат рововска позиција преку медиумите. Последното истражување на јавното мислење во Македонија, посветено на начинот и довербата на граѓаните за целосна имплементариција на договорот од Пржино, спроведено од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во однос на тоа како и од каде граѓаните се информираат за политичките случувања во земјава, покажа дека Телевизијата останува медиумот од кој граѓаните најмногу се инфо…
Француската специјална полиција која од изутрината во предградието Сен Дени е во акција по осомничени за нападите на 13 ноември во Париз кога загинаа 129 луѓе, а 350 беа повредени соопшти, како што јави новинската агенција Франс прес, дека загинале две лица, вклучувајќи и една жена која се самоубила со активирање бомба.Се наведува дека во еден стан во ова предградие се наоѓале неколку луѓе, меѓу кои и главниот организатор на терористичките напади во Париз Абделхамид Абауд од Белгија. Во меѓувреме, во Сен Дени, како што јавуваат новинските агенции, денеска биле распоредени и 50 француски вој…
Следнава недела на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид ќе се прикажува филмот “ТАТКО” во режија Висар Морина. Десет-годишниот Нори и неговиот татко заработуваат за живот преку продажба на цигари во периодот пред војната на Косово во 1990-тите. Неговата мајка го остави семејството и неговиот татко сака да бараат подобар живот во Германија. Нори е освоен од страна на постојан страв дека татко му ќе го остави премногу. Што тој го прави. Уништени, а сепак решен, момчето тргнува на долг и опасно патување, очајни да се собере со човекот кој го напуштил. Кога конечно го…