Јан 15, 2016

Премиерот Груевски денес ќе ја депонира својата оставка

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски вечерва во своето обраќање до јавноста најави дека денес на 15-ти јануари 2016 година ќе ја поднесе својата оставка до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.-Навршуваат 100- дена пред 24-ти април, денот за кој е договорено да се одржат Избори и тоа е влезно во закон. Јас стојам и за тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета неизвесност, да се остават сите проблеми и конфликтност зад нас и сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива. Утре изутрина до претседателот на Собраниет…

Јан 14, 2016

Јанева побара повторно одлагање на судењето за „Пуч“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави на судењето на Зоран Заев за случајот „Пуч“, пренесува „Телма“.Таа побара одлагање на судењето за месец март, со цел да ги разгледа доказите. За случајот „Пуч“ е закажано ново рочиште за 2 март, а целиот тим на Катица Јанева ќе врши увид во случајот.Во Основниот суд Скопје-1 за денеска беше закажано ново рочиште за случајот „Пуч“ , во кој како четвртообвинет е лидерот на опозициската партија СДСМ. Овој судски процес на неколку пати беше одложуван. Зоран Заев не доаѓаше во судница со образложение дека бара овој предмет да биде пр…

Јан 14, 2016

Подгответе се за „ѕивра“ недела

Се поизвесно е дека во периодот од сабота па во текот на цела наредна недела се очекува значително заладување. Може слободно да се искорист фразата „зимата се враќа на голема врата“, пренесува интерент порталот „Метеопро“.Заладувањето ќе го очекуваме од сабота на пладне. Наутро сеуште ќе биде „до некаде“ топло. Токму ова заладување ќе биде еден од клучните фактори за снежните врнежжи кои се очекуваат овој ден и на пониските места. Се очекува формирање на снежна покривка низ целата земја. На пониските места реално е да се оочекива покривка од околу десетина сантиметри, а доста повеќе на пови…

Јан 14, 2016

Стресна живеачка во Македонија како во Гватемала

Американскиот интернет портал „Блумберг“ направи  една ранг-листа на најстресните земји за живеење во светот. Македонија на листата се наоѓа на 9-тото место, Нигерија е на првото, а Норвешка на последното.Оваа ранг-листа Блумберг ја направил според седум критериуми – стапката на убиства, куповната моќ, нееднаквоста во приходите, корупцијата, невработеноста, загадувањето на воздухот и очекуваниот животен век.Нигерија е најстресната земја за живеење од 74 земји опфатени во ова истражување. Во првите десет земји, според редоследот се и Јужноафриканската Република, Салвадор, Монголија, Гватемал…

Јан 12, 2016

Европратеничката тројка на средби со ДИК и Специјалното обвинителство

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан денеска ќе имаат средба во Државната изборна комисија и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по што ќе ги кажат своите оценки од посетата во Македонија, односно каков е нивниот став во однос на имплементирањето на договорот од Пржино,пренесува „Фокус“.Вчера европратениците имаа средба во седиштето на СДСМ со претседателот Зоран Заев, а потоа во канцелариите на ЕУ инфо центарот во Скопје се одржаа средбите со лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи. Тие имаа и разговори и со Никола Тодоров, член на Извршниот ком…

Јан 11, 2016

За Православна Нова Година Света архиерејска литургија на Плаошник

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.  

Јан 11, 2016

Излезе „Црната листа“ на УЈП

Државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, компании во стечајни постапки, се најдоа на “црната листа” на должници што ја објави УЈП на стартот на новата 2016 година.Се работи за долгови доспеани до 30.09.2015 и неплатени до 31.12.2015 по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.Нема н…

Јан 11, 2016

Светот на музиката се прости со Дејвид Боуви

Познатиот музичар Дејвид Боуви почина на 69 годишна возраст, после 18 месечна храбра борба со ракот. „Дејвид Боуви почина опкружен со своето семејство после храбрата 18 месечна битка со ракот. Додека голем дел од вас ќе ја споделат оваа загуба, од вас бараме да ја почитувате приватноста на неговото семејство додека тагува“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на музичарот. Боуви го објави својот последен албум, Блекстар, во петокот на неговиот роденден, а последен пат настапи хуманитарниот концерт во Њујорк во 2006 година. Во архивата на светската музичка сцена ќе останат неговите хитови:…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top