Излезе „Црната листа“ на УЈП

Државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, компании во стечајни постапки, се најдоа на “црната листа” на должници што ја објави УЈП на стартот на новата 2016 година.

logo

Државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, компании во стечајни постапки, се најдоа на “црната листа” на должници што ја објави УЈП на стартот на новата 2016 година.

logoСе работи за долгови доспеани до 30.09.2015 и неплатени до 31.12.2015 по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Нема некои позначајни промени во листата на должници, па и понатаму како најголем должник на врвот на листата е компанијата “Ел Дон Кастило Ангел Д.О.О Е. Л, Скопје”, која веќе неколку месеци по ред е прва на листата на должници. Веднаш зад неа со слична сума на долг е компанијата ”Индустрија Ел Азтека д.о.о. Скопје“. Токму овие фирми во јавноста беа поврзувани со името на Ангел Кастиљо, кој беше обвинет дека го оштетил буџетот за 5,5 милиони евра.

Меѓу првите десет должника се и јавните претпријатија Македонски шуми и Македонија Пат, Македонската радио телевизија, тетовски и гостиварски Комуналец и Хедис.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top