Фев 24, 2016

Избори во јуни

Со изгласувањето на Одлуката за поништување, изменет е член 2 од Одлуката за распуштање на Собранието со што 24 февруари 2016 се заменува со 7 април 2016 година како ден за распуштање на Парламентот. Тоа значи дека ако се земе предвид дека од денот на распуштање на Собранието до избори треба да поминат 60 дена, избори ќе има на 5 јуни годинава.За Одлуката за измена на претходната Одлука за распуштање на Собранието, која што е по иницијатива на ДУИ, ДПА и Лилјана Поповска, не гласаа СДСМ и другите пратеници од опозицијата.Претходно собранискиот спикер Трајко Вељановски прочита пред пратеници…

Фев 23, 2016

Утре едукација за опасностите од брзо и неодговорно возење

Во Спортско рекреативен центар  „Билјаниниизвори“  на 24.02.2016 година  ( среда), од 12 часот и 30 минути до 13 часот и 30 минути, со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи настан од едукативен и забавен карактер,  под мотото „Шампионот обединува – насмевка, живот, едукација“. Промотор на настанот е познатиот возач и двократен европски шампион во ридско-брзински автомобилизам Игор Иџе Стефановски, најбрзиот човек во Европа, кој ќе говори за безбедноста во сообраќајот. Целта на оваа кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на Републичкиот Совет за безбедност во…

Фев 22, 2016

Јоханес Хан:Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот

Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на својот Твитер профил, откако ЕУ и САД ја соопштија својата заедничка оценка дека нема услови за кредибилни избори на 24 април.Хан минатиот месец во писмено соопшение по одлуката на владејачката партија да има избори на 24 април година и по констатирањето на оставката на Груевски во Собранието, напиша дека повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии, но дека сега од круцијална важност е сите политички и институционални актери во земјата да сторат сè што можат за да се обезбедат фер избори спо…

Фев 22, 2016

Бејли: „Не се исполнети условите за кредибилни избори во април“

Партиските лидери Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, како и премиерот Емил Димитриев ги добија вечерва оценките на ЕУ и САД во однос на досегашното спроведување на договорот и Пржино и датумот за изборите. Нивната проценка за однесуваше на она што е реализирано до денеска.„Во оваа фаза не се исполнети потребните услови за организирање кредибилни избори на 24 април, иако е постигнат определен напредок“, рече Џес Бејли, Амбасадор на САД.Главните забелешки на Брисле и Вашингтон е тоа што сè уште не е постигнат договор за медиумите, а имало информации за заплашување на гласачи и други лица.„Ако изб…

Фев 19, 2016

Договорот за медиумите, пропадна, се чека оценката

Партиските преговори за медиумските реформи завршија без договор. Ова го изјави синоќа белгискиот експерт Питер Ванхауте пред Клубот на пратениците каде два дена се одржуваа интензивни преговори.На новинарско прашање кој ја сноси одговрноста за неуспехот на преговорите Ванхауте рече дека сите претставници на политичките партии се подеднакво одговрни.Утре нема да има преговори за реформите во медиумите, туку се очекува да биде објавена оценката на ЕУ и САД за подготвеноста на замјата за организирање на избори.Главно копјата вечерва се кршеа околу составот на советот на Агецијата за медиуми. …

Фев 18, 2016

Страотен бомбашки напад во Анкара

Во вчерашната експлозија во турскиот главен град Анкара загинаа 28 луѓе, додека 61 беа повредени. Експлозијата се случи во близина на зградите на воениот штаб и на парламентот. Гувернерот Мехмед Киличлар изјави дека цел на нападот бил конвојот автобуси во кои имало воен персонал. Премиерот Ахмед Давутоглу го откажа патувањето за Брисел и учествуваше на итниот состанок што го закажа претседателот Реџеп Таип Ердоган. Владата им забрани на турските медиуми да емитуваат или да објавуваат снимки и фотографии од местото на експлозијата. Постојат неколку групи за кои има сомневање дека го извршиле…

Фев 16, 2016

„Потоци и стапки“ на Маја Мојсова

Денес во 17 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата раскази „Потоци. Стапки“ од писателката Маја Мојсова.Книгата е објавена во 2015 година и истата е наградена со прва награда „Гравитација 2015“, во категоријата – книга раскази.Писателката Маја Мојсова пишува поезија и проза. Има издадено збирка поезија „Кохезија, колизија на човековата визија“ (2012, колекција на песни на македонски и англиски јазик), и заедничка книга „Зен Верс“ (2014) од четири автори.Дел од нејзиното творештво е објавувано во зборници, литературни и интернет списанија: „Кокински мугр…

Фев 15, 2016

Колонија пингвини на раб на исчезнување

Научниците проценуваат дека 150.000 пингвини го загубиле животот откако санта мраз со големина на Рим им го блокирала патот до океанот. Пингвините поради тоа морале да бараат обиколен пат долг 60 км за да дојдат до храна, што за многумина било погубно.Од 2011 година, колонија од 160.000 пингвини се намалила на само 10.000 единки, покажало истражувањето кое го спровеле научниците од Истражувачкиот центар за климатски промени на Универзитетот во Нов Јужен Велс.Тие предвидуваат дека колонијат ќе исчезнае за 20 години, доколку гигантската санта не се измести.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top