Иако ова е најраната пролет од 1896-та година, кога таа ќе дојде во Охрид, тогаш е исклучително убава.
Погледнете само мал дел од убавината со која ќе изобилува Охрид во наредните неколку месеци, фатен од објективот на Ѓоко симјаноски.
Пролетта на северната хемисфера почна вчера во 5 часот и 30 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи есента.
Ова е прв пат од 1896 година дека сезонaтa нa будењето на природата доаѓа толку рано.
Пролетта обично започнува на 21 март, а тоа е ден кога ноќта и денот траат еднакво. Оваа година е малку поинаку зошто е престапна година. Зем…
Американскиот претседател Барак Обама допатува во историска посета на Куба, отворајќи ново поглавје во односите на двете земји по повеќедецениското непријателство меѓу поранешните противници од Студената војна, пишува Ројтерс.
Претседателскиот авион слета на меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана.Веднаш по пристигнувањето во Хавана, Обама на Твитер напиша: „Како е Куба?“ (What’s up Cuba?“).
¿Que bolá Cuba? Just touched down here, looking forward to meeting and hearing directly from the Cuban people.— President Obama
Непосредно пред пристигнувањето на американскиот претседатеч куба…
Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека денес во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“.
Ќе започне во 16:00 часот, а ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, утре со почеток во 08:30 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота). Ќе чиноначалствува Неговото Високопрео…
Не е само природата она што плени во нашиов град. Денес погледнете само мал ден од архитектонската убавина со која плени нашиов Охрид и научете нешто за македонската куќа.Нема сомнение дека македонската куќа припаѓа кон онаа стилска целина што во XIX век го прекривала Балканот. Како и сите познати стилови низ историјата, старата градска архитектура го создала единството со грижлива стандардизација на проектански и градежни методи, а материјалот се слеал во ликовно единство. Затоа на површниот поглед му се откриваат како истолики куќите од Охрид и оние од Бруса.Без оглед на политичката потчи…
Погледнете уште една од тајните на Охрид, една од најстарите градби во нашиов бисер, Античкиот Театар.
Античкиот театар е сместен во стариот дел на Охрид. Тој се наоѓа помеѓу Горна Порта и Плаошник.
Првите податоци за постоењето на овој објект кажуваат дека тој е стар околу 2 милениуми, т.е. изграден е во периодот на доцниот хеленизам. Подоцна овој објект бил преадаптиран во периодот на римските освојувања. Театарот се користел за гладијаторски борби и борби на гладиајтори со диви животни.
Античкиот театар бил затрупан со земја во периодот на продирањето на христијанството во овие краишт…
Со 5,5 милиони денари годинава ќе се субвенционираат приватните шуми и нивните здруженија. Со овие пари сопствениците треба да ја зголемат економската вредност на шумите.
Субвенциите се за инвестиции за поголема економската вредност на шумите. За обележување на границите на шумата и за изработка на геодетски елаборат, субвенцијата е 20.000 денари.
За набавка на опрема за стопанисување и за оддржување на приватните шуми можат да се добијат до 120.000 денари.
Финансиската подршка се исплаќа со ко-финансирање до 50 проценти од одобрените трошоци.
Еден барател може да поднесе едно барање, о…
„Форд ескортот“ што некогаш ѝ припаѓал на Дијана, принцезата од Велс, беше продаден на аукција во Велика Британија вчера, за нешто повеќе од 61.000 евра. Новиот сопственик е музеј во Јужна Америка.
Лејди Ди ја доби оваа светло-сива лимузина како подарок за веридбата, од принцот Чарлс во мај 1981 година, два месеца пред венчавката во јули. Таа престана да го користи автомобилот кусо по раѓањето на нивниот син Вилијам во 1982 година, а возилото тогаш го купи антиквар за околу 7.000 евра.
Од првите години по 2000-та, автомобилот му припаѓал на обожавател на кралското семејство, кој ретко г…
Денес погледнете ја во сонце облеаната една од најубавите цркви во Охрид, Црквата Пресвета Богородица Привлептос.Црквата Пресвета Богородица Привлептос била изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата.Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиската империја. Деволскиот епископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела (посветена на Григориј Б…