Апр 4, 2016

„Hwa Rang Fist“ со двајца натпреварувачи, два медали

Викендов во Скопје со подршка на Македонскиот Олимписки Комитет,Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје,а во организација на Теквондо клубот Бутел,се одржа 3-от меѓународен теквондо турнир Скопје Опен,најголем од овој вид во Р.Македонија. Учество зедоа повеќе од 300 натпреварувачи од клубови од Албанија,Македонија,Косово,Србија,Хрватска и Бугарија.Хваранг Фист,како член на Македонската Теквондо Федерација (WTF) ,заради тешката финансиска состојба учествуваше само со двајца свои натпреварувачи. Јосифоски Филип во категорија Јуниори до 63 кг –А класа(Фул контакт борби),го освои третото …

Апр 1, 2016

Почина Заха Хадид, архитектот кој ги помести границите на урбаниот дизајн

Меѓународно признатата ирачко-британска архитектка Зака Хадид, првата жена којашто ја доби наградата Прицкер, позната во професионалните кругови како „кралица на деструктивизмот“ чии дела може да се сретнат речиси по целиот свет од Америка до Азија, почина во четвртокот во Мајами , објави ирачката државна телевизија. За Заха Хадид колегите велат дека работејќи на своите проекти, таа едноставно не создавала зданија, туку ги впишувала во пејзажот, исполнувајќи ги своите креации со смила и мултифункционалност. „’Заха Хадид Архитектс’ со голема тага потврдува дека Заха Хадид почина ненадејно …

Мар 31, 2016

Тајните на Охрид: Автобусот

Денес ви претставуваме уште една од тајните на Охрид, онаа во која можеби најмногу уживаат туристите кои ќе го посетат Охрид, двокатниот панорамски автобус. Во 2013-та година Охрид, како подарок од Владата доби двокатен панорамски автобус со кој туристите ќе можат да ги разгледуваат културно истоиските знаменитости низ градот. Со новиот автобус ќе се збогати туристичката понуда на градот, а уште тогаш беше најавувано дека Охрид ќе добие уште два исти автобуса со што ќе се оформи линија која ќе придонесе за значајно зголемување на туристичката понуда.

Мар 31, 2016

Притвор од 30 дена за началникот на петтата управа во МВР

Притвор во траење од 30 дена за началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски одреди Кривичниот суд, потврдуваат од Судот, пренесува „Радио слободна Европа“. Повеќе од осум часа траеше распитот на Грујевски, кој е првоосомничен во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. СЈО претходно побара притвор за него. Освен Грујевски, осомничени во случајот се и други началници и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Според Обвинителството, тие незаконски уништиле опрема за следење на комуникациите со изговор дека е застарена, со што на др…

Мар 31, 2016

Концерт на Al Di Meola летово во Охрид

Огромно задоволство ни е да Ви го најавиме ексклузивниот концерт на најнаградуваниот гитарист на сите времиња, Al Di Meola, кој ќе се одржи на 13-ти август, под отворено небо, на Античкиот театар во Охрид, а во организација на Авалон продукција, објави првиот човек на Авалон Бобан Милошески. – По неверојатно успешнo распродадениот концерт за кратко време во 2008 година одржан во Универзалната Сала, легендарниот гитарски виртуоз повторно ќе настапи пред македонската публика и фановите од целиот Балкан. Неговиот настап е во рамките на промотивната турнеја за неговото последно албумско издани…

Мар 30, 2016

Кој е за проверка на списокот на ДИК?

Хрватскиот глумец Раде Шербеџија, семејството на индискиот инвеститот Субрата Рој, Сушанта и Свапна Рој, кои добија македонско државјанство се дел од звучните имиња кои се најдоа на списокот за теренска проверка кој го објави ДИК, пренесува „Новатв.мк“. Неизвесно е кој ќе им отвори кога на вратите ќе затропаат анкетарите на ДИК при теренската проверка. Пократ нив на списокот се наоѓа и Артан Груби, шефот на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, новинарката на Сител Ивона Талевска, екс пратеникот Јани Макрадули, тренерот на „Металург“, Лино Червар, новинарите Ерол Ризаов и Ивица Челиковиќ,…

Мар 29, 2016

Во четврток, охридска премиера на новиот македонски игран филм „Џган”

Новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава.Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика. „Џган” е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30-ти март во Градското Кино Милениум во Скопје, а веќе следниот ден своја филмска премиера ќе доживее и во Охрид. Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema netw…

Мар 29, 2016

Мобилното 3D кино, во април во Охрид

Проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје, на охридските љубители на филмската уметност во април месец ќе им донесе три филмски остварувања. На 24-ти април 2016 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д филмот „Кунг Фу Панда“. Билетот за оваа проекција ќе чини 200 денари. Во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Детето на Злото“ за кој влезницата ќе чини 150 денари и во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Дедпул“ за која влезниците чинат 200 денари.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top