„Hwa Rang Fist“ со двајца натпреварувачи, два медали

Викендов во Скопје со подршка на Македонскиот Олимписки Комитет,Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје,а во организација на Теквондо клубот Бутел,се одржа 3-от меѓународен теквондо турнир Скопје Опен,најголем од овој вид во Р.Македонија.

фист

turnirВикендов во Скопје со подршка на Македонскиот Олимписки Комитет,Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје,а во организација на Теквондо клубот Бутел,се одржа 3-от меѓународен теквондо турнир Скопје Опен,најголем од овој вид во Р.Македонија.

Учество зедоа повеќе од 300 натпреварувачи од клубови од Албанија,Македонија,Косово,Србија,Хрватска и Бугарија.Хваранг Фист,како член на Македонската Теквондо Федерација (WTF) ,заради тешката финансиска состојба учествуваше само со двајца свои натпреварувачи.

Јосифоски Филип во категорија Јуниори до 63 кг –А класа(Фул контакт борби),го освои третото место,губејќи во полуфинале во меч кој имаше најмногу поени на цел турнир,и тоа само за еден поен 21:20.

Велјаноска Тамара во категорија кадетки до 55 кг-А класа(исто фул контакт борби),го освои златното прво место,победувајќи во полуфинале и финале со убедлива разлика 16:5 односно 14:4.

Се на се одличен подарок за роденденот на клубот,кој на 6 Април полни 10 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top