Ако некогаш сте сакале да го шпионирате меилот на вашата девојка или момче „Dell“ има интересни вести за вас. Не само што постои цел „подземен“ пазар за вакви работи туку и се` повеќе се развива.
„Наместо парите да им ги испраќате на криминалците кои единствено можат усно да ви гарантираат дека ќе ја извршат работата, сега можете да се осигурате дека работата ќе биде завршена и пред да ги уплатите парите. Она што е уште поинтересно е дека целата постапка ќе ве чини помалку отколку што мислите“.
Овие информации се само дел од годишниот извештај за хакерите на компанијата „Dell“. Експертите…
Хероината од „Медена земја“ Атиџе Муратова и пејачката и водителка Сузана Турунџиева ја промовираа новата заедничка песна насловена како „Од Бекирлија до Битола“.
Музиката и текстот се на Сузана, додека за аранжманот се погрижи Роберто Поп Димитров.
И на промоцијата и во видео записот за песната, не за прв пат, јавноста ја виде стилската трансформација на Атиџе од Бекирлија, а овој пат таа изненади со нова фризура, одличен избор на фустан и сандали со висока потпетица.
Во продолжение слушнете го музичкото дуетско остварување на Турунџиева и Атиџе:
https://youtu.be/Gi_jlGknH88
Организацијата Доктори без граници соопшти дека нејзините доброволци третирале околу 300 луѓе поради проблеми со дишењето и повреди од пластични куршуми по судирите со македонската полиција која ги спречи да ја прескочат оградата на македонско грчката граница.
Најмалку шестмина биле хоспитализирани. Македонската полиција соопшти дека 23 членови на безбедносните сили биле повредени, меѓу кои петмина потешко. До ова дојде во близина на дивиот камп Идомени каде што има над 11 илјади мигранти. Балканските држави ја затворија мигрантската рута кон северот на Европа кон средината на февруари год…
Временската прогноза со децении исклучиво се домен на државните и меѓудржавните хидрометереолошките агенции.
Но, технолошката револуција која фундаментално го потресе светот во последните 20 години ја променија оваа традиција, па индустријата на приватни компании започна да се занимава со прогноза за времето, како на пример најпознатиот „AccuWeather“ и уште неколку мали, се проценува дека вреди околу 6 милијарди долари, пренесува порталот „Факултети.мк.“
Нивниот бизнис модел воглавно се базира на обработување и анализа на податоците од државните агенции. Потешкиот дел од работата, кој се …
Денес еден необичен поглед кон уште една од тајните на Охрид, која секогаш знае да украде воздишка без разлика по кој пат ја посетувате, црквата Св. Климент и Пантелејмон.
Црквата Свети Климент и Пантелејмон претставува реплика на постарата црква Свети Пантелејмон која ја изградил Свети Климент Охридски во 863. година на истотото место, на темелите од голема петобродна ранохристијанска базилика. Во 916 година, по смртта, Свети Климент бил погребан во подот на црквата во гробница која наводно самиот ја подготвил. Црквата Свети Пантелејмон била неколку пати обновувана сѐ до 15. век, кога кон…
СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на прес-конференција. Според него, тие избори ќе бидат лажни. Тој рече дека Договорот од Пржино беше потпишан за да се обезбеди принципот „еден човек еден глас“, но оти избирачкиот список не се прочистува, не се носат реформи во медиумите и не прекинуваат притисоците, пренесува Радио слободна Европа.
„Без слободни избори, нема слобода. Со месеци заедно се боревме за слобода, но Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Или Груевски или Македонија“, рече Заев на прес-конференцијата во партиск…
Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 8ми до 10ти април 2016 година, го организира својот прв студентски филмски фестивал –Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.
Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти.
– Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет и Хасан Приштина од Косово.
– Работилниците ќе бидат водени од продуцентите: Огнен А…
Нови банкноти од двесте и две илјади денари ќе бидат пуштени кон крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година.
Подготовките за издавање на банкнотите се во завршна фаза, а избрана е и компанија која е задолжена за печатење на банкнотите. Банкнотите ќе бидат соодветно заштитени и ќе се печатат на специјална хартија во бела боја, со вграден воден печат, заштитна испрекината нитка со впишан текст НБРМ, видливи и невидливи влакна кои рефлектираат во жолта, сина и зелена боја под дејство на ултравиолетови зраци, како и зајакнати рабови против физички оштетувања.
Банкнотата од двесте дена…