Денес ви претставуваме еден македонски православен христијански црковен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, на улицата Цар Самоил, помеѓу охридското пристаниште и Куќата на Робевци, веднаш наспроти црквата Света Богородица Болничка.
Ова парче културно историско наследство кое како да успеало да му одолее на времето, изградено е и живописано во 1313 година од непознат зограф. Црквата е еднокорабна со засводен полукружен свод. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија – преслица единствена во Македонија, изградена под влијание на приморската архитектура.
За прв пат се …
Расте бројот на блокирани сметки на компаниите. Само во февруари бројот на блокирани сметки на компаниите е зголемен за 904, а за една година има раст од 4.424, пренесува„Утрински весник“.
Според бизнисмените, тоа покажува дека бизнисот и натаму тоне во неликвидност, и покрај тоа што во земјава од пред извесен период функционира Законот за финансиска дисциплина.
Вкупниот број на блокирани сметки на компаниите во февруари годинава достигнал 69.913 сметки. Тоа значи дека бројот на блокирани сметки на фирми за само еден месец пораснал за 904, со оглед што во јануари годинава нивниот број изн…
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар ги објавија датумите за полагање на екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок.
Според утврдената динамика, мајчин јазик и литература ќе се полага на 4-ти јуни 2016 година, математика на 9-ти јуни 2016 година, странски јазик на 13-ти јуни 2016 година и физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика на 15-ти јуни 2016 година.
Сите испити започнуваат во 10:00 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 д…
Музејски професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Холандија, Србија, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство присуствуваа на една од најголемите музејски конференции на Балканот.
Четвртата годишна конференција “Запознај,види, направи” се одржa од 13-15 април 2016 година во Скадар, Албанија. Конференцијата е организирана од Балканската мрежа на музеи, мрежа на повеќе од 40 музејски институции од Балканот и Фондацијата Културно наследство без граници.
Овогодишната “Запознај,види, направи” ja пoддржa од Фондацијата Ниархос С…
Меѓународните посредници за Договорот во Пржино в петок во Виена ќе се сретнат со четворицата партиски лидери, пренесува „Телма“.
Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи добија покана од тројцата европратеници Вајгл, Кукан и Ховит заедно со еврокомесарот Јоханес Хан да се состанат на 22 април за да разговараат на кој начин да ја решат кризата и како да се осигура имплементацијата на Договорот од Пржино и реформските пориоритети, се вели во соопштението од Брисел.
“Еврокомесарот Хан сака брзо да се сретне со лидерите .Тие мора да покажат волја да ја вратат земјата на евроатл…
Партиите не итаат со реакции за разочараноста на евро-комесарот Хан од нецелосното почитување на Договорот од Пржино. Или молчат или ја префрлаат одговорноста на другата страна, пренесува „Телма“.
Од владеачката ВМРО ДПМНЕ велат дека сакаат оваа криза да заврши и земјата конечно да излезе од деструкцијата и заложништвото. Уверуваат дека изборите се единствениот излез за враќање на вистинските патеки и за работење на проекти кои навистина ќе бидат од полза на граѓаните. Лидерот Никола Груевски во телевииско интервју повтори дека уште лани е договорено оваа пролет да има предвремени избори….
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша изборите, информириаат од неговиот кабинет, пренесува „Инфо + порталот“.
„Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи“, се…
Мегаструктурата која ја откри тим на научници од Канарските острови се состои од 830 издвоени галаксии и е 10.000 пати поголема од Млечниот пат.
Научниците од Институтот за астрофизика на Канарските острови го открија најголемата структура во универзумот наречена „BOSS“. Зборот е кратенка од Спектроскопска истрага на Барионовите осцилации.
Станува збор за суперструктура составена од суперкластери кои се меѓусебно поврзани со гасови, а се наоѓаат на неколку милијарди светлосни години од нашата планета, и нејзината маса е 10.000 пати поголема од масата на нашата галаксија.
Според зборовите…