Холандскиот кинематограф Роби Милер е добитник на годинешната награда за животно дело на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, објави денеска новиот претседател на фестивалот на кинематографи, господинот Благоја Куновски.
Милер почнал да соработува со Вим Вендерс уште во 1969 година, по што следеле филмовите “Стравот на голманот од пенал”, “Алис во градовите” и “Париз, Тексас”, за кој е добитник на Златната палма во 1994 година, а со Ларс фон Трир ги снимил “Спроти брановите” и “Танчар во ноќта”. Во долгата низа познати режисери со кои работел се вбројуваат и Роберт Алтман, Роберто Бењини и М…
Евро-комесарот Јоханес Хан, на вчерашната средба со новинари во Брисел, изјави дека покренал иницијатива за некаков вид меѓународен мониторинг при подготовката на избирачкиот список во Македонија за престојните парламентарни избори. Тој нагласи дека оваа иницијатива е суште во почетна фаза и за неа допрва ќе се дискутира.
Во врска со помилувањата, Хан истакна: „Аболицијата е неприфатлива и жалиме што кога Уставниот суд донесе одлука со која ја овозможи оваа мерка, нас ни беше речено од страна на претседателот Иванов дека таа нема да се примени. Само две или три недели подоцна претседателот…
Нешто повеќе од 50 пратеници ја потпишале иницијатива на пратениците на опозициската СДСМ за утврдување одговорност на претседателот Ѓорѓе Иванов по донесување на одлуката за општа аболиција со која помилува 56 лица меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешни министри за кои се водат постапки во Специјалното јавно обвинителство и во судовите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и други политички претставници.
И покрај тоа што иницијативата, која е поддржана и од ДУИ, веќе има доволно гласови за да влезе во собраниска процедура, сепак за да му биде констатирана одговорност на претседате…
Четирите предмети кои Специјалното јавно обвинителство ги побарало од општина Центар се поврзани со изградбата на спомениците: Воин на коњ (Александар Македонски), Воин ( Филип Втори), Цар Самоил и споменикот на Методија Андонов Ченто, дознава НОВА. Овие споменици се дел од мегаломанскиот проект Скопје 2014 кој досега се потрошени над 600 милиони евра, објавува НоваТВ.
Според информациите на НОВА, истражителите на СЈО ги подигнале сите материјали и докази кои се приложени во Ревизорскиот извештај на општина Центар за Скопје 2014, кој беше изготвен по стапувањето на функцијата на градоначал…
Меѓу подвижните празници и во црковниот и во народниот календар значајно место има празникот Преполовение, меѓу народот познат како Руса Среда.
Овој празник зависи од Велигден бидејќи се паѓа на средината меѓу Велигден и Духовден, и секогаш е во среда. Затоа освен Руса Среда се вика и Преполовение што значи половина од Педесетницата, односно половина до Духовден.
Меѓу нашиот народ празникот Преполовение важи за народен празник и е проследен со многу обичаи и верувања. Како да е подзаборавена црковната димензија, односно фактот дека се работи за голем Господов празник, кој води потекло ушт…
Oдложувањето на изборите ја продолжи неизвесноста од политичка разрешница, со што се зголемува притисокот врз рејтингот „ББ плус“ за Македонија земјата- ова е оценката на меѓународната рејтинг агенција „Фич“ во последниот извештај за Македонија.
При тоа агенцијата посочува дека причините за ризикот врз сегашниот рејтинг за Македонија политичката криза која почна во 2015 година а се продлабочи оваа година. Исто така како ризик се посочува и висината на државниот долгот во кој спаѓа долгот на Владата, Јавните фондови и Општините.
„Негативниот изглед на рејтингот ги одразува ризиците за поли…
Партиската четворка да се врати на преговарачка маса и со консензус да се дојде до законски решенија кои ќе го отворат патот за излез од кризата. ДУИ потсетува дека е тоа обврска од Договорот од Пржино, пренесува „Телма“.
Интегративците сметаат дека опозијата треба да покаже иницијативност во тој поглед, бидејќи беше позитивно одговорено на нејзините барања за одложување на изборите и за враќање на дијалогот со обнововување на работата на парламентот.
-Извештајот на Прибе, со реформската агенда, е добра основа да стигнеме до фазата да имаме кредибилни избори. Оваа влада е фокусирана на та…
Во четврток на 2-ри јуни 2016 година, во охридскиот Народен театар повторно ќе биде изведена претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов, текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
Текстот е инспириран од кризата на поединецот кој ја напушта сопствената зона на комфор и излегува на првата линија на отпорот, борејќи се за правата кои сам ги создава, со желба да креира систем по свои, сосем нелогични правила и стандарди. „Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и структурите на власта, а …