По тешко и долго боледување, почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер, автор на популарниот стрип Пецко.
По тешко и долго боледување, почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер.
Роден е во Скопје во 1940 година. Богато и уникатно творештво остави Марковиќ и како сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972 година специјализира анимиран филм во Загреб, под менторство на оскаровецот Душан Вукотиќ.
Професионалната кариера како карикатурист ја започнал 1960 …
Во периодот од 10.06.-12.06.2016 година во Охрид ке се одржи Традиционалниот пролетен семинар во организација на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија.
Со цел да се подигне нивото на физиотерапевтите во Македонија со зголемување на бројот на методи и техники од областа на Физиотерапијата ЗФРМ за оваа година на Традиционалниот пролетен семинар ке одржи работилница за “ Connective tissue massage “ Работилницата ке ја одржи нашата долгогодишна пријателка Беате Кариере (САД) .Овој семинар традиционално се одржува повеќе од 15 години скоро секогаш во истиот период во град Охрид …
Од 18-ти јуни до 12-ти јули во Мешеишта ќе се одржува традиционалниот 42-ри Турнир во мал фудбал „Петровден“.
Пријавувањето на екипите е до 16-ти овој месец. За учество на турнирот секоја екипа треба да плати 3 000 денари. Распоредот на екипите ќе се врши, следниот ден, на 17-ти јуни.
Натпреварите од турнирот ќе се играат во вечерните часови на полигонот кај Домот на културата во Мешеишта. Организаторите најавуваат вредни награди за најдобрите.
Ревитализација на пржинскиот договор со обврзувачка рамка за реформскиот процес што претстои е единственото решение за излез од политичката криза, но за жал во земјава тој процес се блокира и одолговлекува, изјави специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл по серија средби со лидерите на најголемите партии и државниот врв.
„Добрата вест е дека има излез од оваа криза, а тоа е договорот од Пржино, неговите правила и принципи, кој го гради патот кон демократизација, стабилност и евроатланска интеграција, но лошата вест е дека овој процес е блокиран, кризата продолжува да…
Од Управата за јавни приходи ги повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе започне со активности и постапки за присилна наплата.
– Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат. УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ. Препорачуваме граѓаните за про…
Ова е прашање кое си го поставиле голем дел од родителите. На крај, значаен дел од родителите одлучуваат да објават. Просечен родител објавува илјада фотографии на социјалните мрежи пред детето да наполни пет години, според неодамнешно истражување, пренесува порталот „Факултети“.
Многу родители не ги прашуваат децата за дозвола пред да објават фотографии од нив, а многу не ги провериле подесувањата за приватност, иако фотографиите содржат податоци за местата каде што биле направени.
Критичарите сметаат дека ризикот од ставање на детето во опасност не треба да се игнорира. Најдобро е да ги…
На крајот на натпреварувачката сезона во гаѓање со воздушно оружје-национална програма, повторно доминација на стрелците од Охрид!Викендов во Скопје се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје национална програма, на кое учество зедоа околу 50-тина стрелци во сите категории.
Најголемата радост ја донесоа пионерките од СК „Охрид“ во состав: Анастасија Мојсоска, Ивона Тодороска и Јована Каланоска кои во екипна конкуренција го зазедоа првото место со резултат од 473 кругови. Во поединечна конкуренција, вицешампионска титула за младата Анастасија Мојсоска, која со резултат од 171…
Екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија ќе се спроведува од денес до 11 јуни.
Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети.
ДИЦ претходно го објави базенот со прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета кои ги дознаваат три дена пред полагањето, така што на учениците што ќе бидат тестирани утре предметот им беше соопштен во петокот попладне.
Поради уписите во средно училиште (28-ми и 29 јуни)…