УЈП ќе пристапи кон присилна наплата на долгот за радиодифузна такса

Од Управата за јавни приходи ги повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе започне со активности и постапки за присилна наплата.

 |   | 

Од Управата за јавни приходи ги повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе започне со активности и постапки за присилна наплата.

– Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат. УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ. Препорачуваме граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите, велат од УЈП.

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp. Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта. Со апликацијата за М-Даночни сервиси на УЈП преку вашиот смарт телефон може од било кое место и во било кое време да се врши on-line: увид во евиденцијата за радиодифузна такса и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top