Јул 1, 2016

„Баскер фест“ по трет пат во Охрид

Претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности, ликовни изложби, базар на ракотворби, работилници ќе го збогатат културно забавното живеење во градов. Почнувајќи од вечерва па во наредните три дена, на трите плоштади во централното градско подрчје, повеќе од дваесет улични изведувачи како од земјава така и од светот ќе се претстават со најразлични изведби на уличната уметност на годинешниот Баскерфест. „На наше големо задоволство, и овој пат се надевам дека и овој пат ќе биде одлична прилика како за охриѓани така и за сите гости туристи и посетители да видат необичн…

Јул 1, 2016

Од денес на сила забраната за пловидба на скутери и чамци во водите на природните езера

Согласно Законот за пловидба на скутери и чамци во водите на природните езера во Македонија, од 1 јули стапува на сила забраната за ограничено движење. Имено ограниченото движење ќе биде во периодот од 11 до 19 часот низ водите на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, за скутери. одека пак чамците во езерските води не смеат да пловат во периодот од 21 до 05 часот.Ваквите мерки се превземаат со цел поголема безбедност на капачите и учесниците во пловидбата.

Јун 30, 2016

Уличниот фестивал „Баскерфест“ по трет пат ќе се одржи во Охрид

Почнувајќи од 1ви па се до 3ти јули, Охрид ќе пулсира во духот на уличната уметност. Артистите на „Баскерфест“ на три локации во Охридската чаршија на охриѓани и туристите ќе им ја доловат магијата на уличните танци, пантомима перформанси, уличен театар, ликовни изложби, жонглери, акробати, танчери, музички настапи и друго. Овој фестивал во Македонија се одржува 11 година по ред, а Охрид е трета година дел од овај мултикултурен уличен фестивал.

Јун 29, 2016

Започна првото пријавување и запишување ученици во јавните средни училишта

Министерството за образование и наука информира дека започна првото пријавување и запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија, во рамки на првиот од вкупно двата предвидени рокови за упис во задолжително средно образование. Пријавувањето ќе се спроведува и во текот на денешниот ден, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година. Квалификационото тестирање за училиштата каде ќе има пријавено поголем број на кандидати, ќе се организира на 1 јули, а резултатите ќе се објават на 2 јули. Второто пријавување од јунскиот уписен ро…

Јун 29, 2016

Од 1 јули до 31 август забрана за тешки товарни возила

Од петок ќе почне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период. Тоа значи дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Република Македонија се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали се следни: петок : 17 – 22 часот, сабота : 09 – 18 часот и недела : 09 – 22 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот. Ограничу…

Јун 25, 2016

LC Waikiki ја отвори својата продавница во Охрид

LC Waikiki пристигна и во Охрид. Денеска свечено беше отворен продажниот простор на овој водечкиот моден и малопродажен бренд во светот.Менаџментот го избрал Охрид поради неговиот туристички потенцијал како погодна локација за проширување на достапноста на брендот. Мисијата на LC Waikiki е да обезбеди квалитетна, стилизирана облека и модни додатоци за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња по пристапни цени под брендот на LC Waikiki, изразени преку мотото на компанијата. „Ние работиме под мотото Секој заслужува да се облекува убаво и сметаме дека тоа треба да важи во светки рамки. Затоа се ф…

Јун 23, 2016

Отворена новата канцеларија на „САВА Осигурување“ во Охрид

Свечено отворена новата подружница на „Сава Осигурување“ во Охрид. Подружницата е поместена во новата техничка станица на Авто Мото Друштво. Тука и новите и веќе постоечките клиенти на едно место ќе може да ги завршат сите работи, кога станува збор за осигурувањето, особено за автомобилската асистенција. Посебно внимание се посветува на повозрасните граѓани без проблем и непотребни чекања на едно место да ги завршат сите работи, вели Ристана Николовска – регионален шеф на „САВА Осигурување“. „Со цел дас е доближиме до нашите клиенти да ја зголемиме премијата, да им олесниме на веќе постоеч…

Јун 23, 2016

Бело лето 2016

По примерот на светските туристички центри на која градот практично ќе работи 24 часа на 01 Јули 2016 година, по четврти пат ќе се одржи Манифестацијата “БЕЛО ЛЕТО 2016”, a во рамки на истата предвидено е и одржување на Бела Ноќ. Манифестацијата е во организација на Општина Охрид – Сектор за туризам и ЛЕР.Во рамките на манифестацијата “БЕЛО ЛЕТО 2016” предвидена е следнава програма:- 19:00, Предворје на Света Софија – Концерт на Владимир Василески Четкар Секстет,- 21:00, Настап на перкусионистичка група KARANOS waterfall drums group од Воден, Грција, со дефиле од Св. Софија – градски плошт…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top