Албанскиот театар од Скопје, пред фестивалската публика на Охридско лето се претставува со Шекспировиот „Магбет“. Станува збор за драмска адаптација на еден од најмоќните текстови на големиот бард. Претставата е во режија на Диана Добрева која доаѓа од Бугарија и за прв пат нејзина претстава е поставена на фестивалот „Охридско лето“. Добрева вели дека она што ја фасцинирало во ова шекспирово дело е жеддта за власт кај човекот, од една страна наспроти тоа колку човекот а смртен и кратко останува да остави печат со своето живеење. Карактеристично за нејзиното видување на „Магбет“ е визуелниот…
Еден од најмаркантните пијанисти на денешницата, турскиот виртуоз на пиано Фазил Сеј, вечер на програмата на фестивалот „Охридско лето“.
Со својот извонреден пијанистички талент, Фазил Сеј ги воодушевува слушателите низ светот повеќе од 25 години. Неговиот репертоар е разновиден – почнувајќи од делата на Бах, преку Виенските класичари и делата од романтизмот, сè до современата музика, вклучувајќи ги и композициите кои ги пишува тој.
Љубителите на звуците на пијаното, вечерва имаат несекојдневна можност да уживаат во изведбите на еден од најмаркантнитепијанисти на денешницатаФазил Сеј. Ста…
Под мотото „Да помогнеме сите заедно“, утревечер во кафе бар „Шила“ во Охрид, со почеток, во 20 часот, охридските музичари, Боби Мојсоски и Мартин Милески, организираат хуманитарен концерт. Боби Мојсоски, кој веќе устевувачл во организација на сличен хуманитарен настан, вели дека идејата дошла веднаш по немилите настани, бидејќи огромна е желбата кај нив да им се помогне на оние кои за еден миг изгубиле буквално се.
„Кога ќе помислам дека многу дечиња, многу возрасни, до вчера имаа се, и одеднаш немаат ништо, мислам дека треба да бидеме човечни и да им помогнеме колку што можеме. Значи кар…
Во рамките на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на светителот, просветителот Свети Климент, првиот словенски архиепископ на територијата на Македонија, учител и книжевник и основач на славната Охридска книжевна школа“, денес во црквата Св. Софија, отворена изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“. Пртеседателот на МАНУ, Академик Таки Фити истакна дека станува збор за компилација на репродукции од фрески со ликот на Св. Климент, во која е собрана сета љубов и посветеност на нејзиниот автор академикот Цветан Гр…
Во организација на Пчеларското здружение “Охрид” од Охрид, а поддржано од градоначалникот, од 5 до 8 август на плоштадот “Крушевска Република” – кај Чинарот, ќе се одржи манифестацијата “Денови на Медот”.
Посетителите ќе имаат уникатна можност повеќе да се запознаат со медот и неговите производи, а ќе имаат и можност да вкусат дел од разноврсните производи.
Отворањето е на 5 август (петок) со почеток од 17 часот. Промоцијата и дегустацијата на производите продолжува и на 6, 7 и 8 август.
Македонското пливање го чека светла иднина. Повеќе од педесет млади пливачи и пливачки, денес учествува на Илинденскиот пливачки маратон, кој се одржува по 37-ми пат. Андреј Стојаноски од скопскиот клуб „Бета“ по четврт пат триумфираше на „малиот маратон“, а патеката од хотелот „Парк“ до Градското пристаниште, Андреј ја мина за време од 32 минути, 53 секунди и 51 стотинка. Неговиот клубски колега, Тодороски Мартин, вели дека малиот пливачки маратон за него е искуство на кое секоја година со задоволство се навраќа.
„Оваа ми е десетта година како настапувам на маратонот и едно искуство кое с…
Нина Балабан, охридската олимпијка во дисциплината стрелање со воздушна пушка, денес беше примена од градоначалникот Никола Бакрачески. Градоначалникот потенцираше дека верувањето во своите способности е првиот чекор кон остварување на врвните резултати, но во секој случај истакна дека охриѓани во сабота наутро ќе бидат покрај телевизиските екрани и ќе навиваат за Нина.
„Охриѓани ги држат палците за Нина Балабан, а ние цврсто веруваме дека ќе го дочекаме тој ден Нина да постигне врвен резултат на ова натпреварување и конечно можеби да се закити со некое од најсјајните одличја, меѓутоа како…
Еден од најголемите балкнаски рок состави, српскиот бенд „Ван Гог“, вечерва на Долни Сарај ќе одржат рок концерт на фестивалот „Охридско лето“. Надвор од рамките на класичниот дел, овој пат фестивалот како дел од својата дополнителна програма ќе понуди музичко доживување за пошироката публика.
„Охридско лето“ малку по малку, но малку поскромно ќе го отворам и за друг вид на публика, а во исто време да нема импакт на класичниот дел на Охридско лето“, истакна Оливер Арсовски – директор на фестивалот „Охридско лето“.
Од новиот курс и новиот креативен метаболизам на фестивалот кој станува при…