Најмалку 247 загинати и преку 350 повредени. По катастрофалниот земјотрес во централна Италија бројот на жртвите и натаму расте. Спасувачките екипи без престан трагаат по преживеани во урнатините. Секогаш одново италијанските власти мораа да го коригираат нагоре бројот на жртвите кои загинаа или се повредени во тешкиот земјотрес.Во меѓувреме италијанската служба за цивилна заштита говори за најмалку 247 загинати. Претходно беше соопштена бројка од 159 загинати. Италијанскиот премиер Матео Ренци претходно при посетата на погодените подрачја изјави „Овој биланс не е конечен“И натаму како исче…
Струга деновиве ќе биде вистинска престолнина на поезијата. По официјалното отворање манифестацијата продолжува со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“. Изминатите 55 години овој фестивал го слави создавањето на поезијата на повеќе од стотина јазици, на повеќе од петте илјади поети кои настапија во Струга. Педесет и петото издание на фестивалот, според министерката Канческа-Милевска, на најдобар начин го потврдува искрениот придонес на нашата држава во заемното запознавање и почитување на културите и градењето нова димензија на пријателството меѓу народите во светот.
„Струшкит…
Меѓународен турнир на најстарата мисловна игра во светот, во најстариот град во регионов. Овој викенд Охрид ќе биде домаќин на првиот Меѓународен турнир во „ГО“, најстарата мисловна игра во светот. Инаку „виновници“ за овој настан се Филип и Анастазија Паскали од Охрид кои се и првите македонци, и охриѓани кои настапиле на официјален турнир во играта, надвор од границите на земјава, во соседна Србија. Жељко Веселиновиќ од клубот PRO Go од Ниш објаснува дека организирањето на овој турнир во Охрид е еден обид да се зголеми популарноста на оваа игра во нашата земја.
„Наша жеба е Охрид да стан…
Најдобрите руски изведувачи ќе имаат чест да бидат големото финале на музичката програма на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Рускиот виолинист Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробеиников вечерва во 21 часот во црквата „Св.Софија“ ќе ја почестат фестивалската публика со дела на Клод Дебиси, Сергеј Прокофјев, Игор Стравински и Петар Илич Чајковски.
„Голема креативна енергија се вложува за изборот на уметници на свеченото отворање, но исто така значајно е кои ќе бидат уметниците кои ќе настапат на затварањето на музичката програма. Како доказ за ова се настапите на завршниот конц…
Во сабота, 20 август, во водите на Охридско Езеро, по јубилеен 30-ти пат ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон, дел од гран при-серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Организатор на овој голем спортски настан е Пливачката Федерација на РМ, поддржана од Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Капетанијата на пристаништата. На Македонија. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека градот Охрид ги мобилизира сите можни институции надлежни за организација на една ваква престижна спортска манифестација.
„Очекувам како и претходните години и оваа година организациј…
Експерименталната, авангардна драма „Спобудалената локомотива“ на Станислав Игнаси Виткиевич напишана во далечната 1923-та година, актерите на Народно гледалишче од Словенија утревечер ќе ја претстават пред фестивалската публика.
„Јас никогаш не работам театарска претстава поради некои големи амбиции, поради некои големи теми или големи сознанија. Повеќе работам поради задоволство, личен интерес и ерос, така да немавме никаков политички мотив за подготвувањето на оваа претстава, повеќе можеби од едноставната желба само да играме со сите елементи кои театарската игра кои како таква ги носи“…
Македонските параолимпијци-стрелци на завршни подготовки во Охрид, пред нивниот настап на параолимписките игри во Рио во месец Септември. Малиот тим составен од искусни спортисти очекува добри резултати од нивниот настап на параолимпијадата во Рио, влез во финалето и борба за медал. Бранимир Јовановски тренерот на Македонскиот Параолимписки тим инаку и самиот освојувач на олимписки медал, тим задоволен од текот на подготовките и позитивната енергија која владее помеѓу стрелачите.
„Задоволни сме многу од поддршката која ни ја дава СК „Охрид“ и ОСС „Охрид“ заедно со тренерот Валентина Гоџоск…
Државниот завод за статистика информира дека во јуни годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 50.315 странски туристи кои оствариле 110.988 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.
Странските туристи најмногу ги посетувале езерските места и Скопје. Бројот на туристи кои ги посетиле езерските места изнесува 20.098 a Скопје го посетиле 18.797 странски туристи. Најбројни меѓу странските туристи во јуни се Турците, следат Србијте , Грцијте, Бугарите, Полјаците, па Германците.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2016 година изнесува 71…