„Спобудалената локомотива“ на Станислав Игнаси Виткиевич на „Охридско лето“

Експерименталната, авангардна драма „Спобудалената локомотива“ на Станислав Игнаси Виткиевич напишана во далечната 1923-та година, актерите на Народно гледалишче од Словенија утревечер ќе ја претстават пред фестивалската публика.

 |   | 

Експерименталната, авангардна драма „Спобудалената локомотива“ на Станислав Игнаси Виткиевич напишана во далечната 1923-та година, актерите на Народно гледалишче од Словенија утревечер ќе ја претстават пред фестивалската публика.

„Јас никогаш не работам театарска претстава поради некои големи амбиции, поради некои големи теми или големи сознанија. Повеќе работам поради задоволство, личен интерес и ерос, така да немавме никаков политички мотив за подготвувањето на оваа претстава, повеќе можеби од едноставната желба само да играме со сите елементи кои театарската игра кои како таква ги носи“ вели режисерот Лоренци.

Поставувањето на самата претстава е вистински предизвик – како да се одржи експериментална, авангардна драма од 1923 година, претстава базирана на едвај одредена доктрина на „чиста форма“. Актерот Ајлаж Јовановиќ, истакна дека работата на оваа претстава и финалниот производ бил дело на едно заедничко работење.

„Што е идејата на претставата, моментоит кога ќе одбереме пат во животот, но се тоа е филозофија, но суштината на претставата се чувствата. Како јас го чувствував Јанез во процесот на создавање, како јас ја чуствував Тина, како ние како екипа, а потоа претставата му ја покажавме на светот, а потоа секој си има своја асоцијација за тоа како ја доживува“ објаснува актерот.

При изведбата чистата форма е исполнета со моќни музички експресии. Конзистентноста, убедливата и точната тимска глума, храбрите решенија при доловувањето на односите меѓу карактерите, сценската поставеност и различната музика ја прават „Спобудалената локомотива“ извонредено креативно достигнување, со кое Народно гледалишче од Словенија гостувало во многу земји од светот.

„Каде и да ја играме претставата не размислуваме за земјата каде настапуваме, туку секогаш се трудиме актерскиот ансамбл да биде на едно исто ниво да бидеме усогласени, тоа ни е најважно и на тој пат со тој воз со таа локомотива, а пубилката пред која настапуваме да се обидеме да ја земеме со нас“ потенцира Север.

Сите театарските елементи заемно оставаат силен, длабок и незаборавен впечаток, за чие создавање еден од елементите секако е звукот на пијаното кој го доловува движењето на локомотивата. Пртествата ќе биде поставена утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот, цена на билетот е 200 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top