Мар 17, 2017

Има ли во Македонија превработеност во јавниот сектор?

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска во четврток го презентираше вториот годишен извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор, кој е за 2016 година.Податоците за првпат се презентирани на начин кој обезбедува транспарентен приказ за обемот и структурата на јавниот сектор во државата, со што се добива прецизна слика за состојбите и трендовите во јавната администрација.Во јавниот сектор на Република Македонија активни се 1.291 институции, во кои работен однос имаат засновано 129.653 лица. Од нив 19.342 лица се вработени во Арми…

Мар 16, 2017

Руте победник на изборите во Холандија

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека неговата централно десничарска Народна партија за слобода и демократија победи на парламентарните избори со што, како што рече, е запрен погрешниот вид популизам да ја преземе контролата во земјата. Главните анкети покажуваат дека оваа партија ќе има 31 од 150 пратеници во парламентот. Тоа е за 12 пратеници повеќе од Партијата за слобода на неговиот антиисламски ривал Герт Вилдерс. Европските лидери, вклучувајќи ја германската канцеларка Ангела Меркел, како и шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер упатија честитки. Јункер гласањето го оцени ка…

Мар 15, 2017

Wolverine како Ferrari

Австралиската ѕвезда Хју Џекмен ќе ја игра улогата на младиот Енцо Ферари во новиот филм, посветен на Италијанецот, кој се подготвува во Холивуд, соопштува изданието Deadline.Според изданието, режисер на филмот ќе биде Оскаровецот Мајкл Ман, а филмот во кино салите ќе пристигне за две до три години. Тоа е уште еден проект за Енцо Ферари, откако во 2015 година беше најавен друг таков, но со Роберт де Ниро во главната улога.И претходно е разговарано за проектот на Мајкл Ман, но тогаш фаворит за главната улога беше Кристијан Бејл. Бејл, сепак нема да биде дел од проектот откако стана јасно дек…

Мар 14, 2017

Денес е летник

На денешен ден (први март по стариот календар), Светата православна црква го празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија – родена во феникискиот град Илиополе. Преданието сведочи дека како девојка била многу убава и дека со неморал спечалила огромно богатство. Во тоа време по вера била Самарјанка. Подоцна го примила Христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашните христијани и се закалуѓерила. Во манастир минала 56 години. По наредба на тогашниот управник на Илиополе била исечена со меч во 152 година. Со празникот посветен на нејзиниот спомен…

Мар 13, 2017

Македонија остана без Вања Лазарова

На 86-годишна возраст почина доајенката на македонската народна музика, Вања Лазарова Димитрова. „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Со маки сум се родила“, се само дел од многуте македонски изворни народни песни кои ги испеа Вања, а најголемиот дел од нив се снимени во продукција на МРТ. Голем придонес има во соработката со групата „Анастасија“ за музиката за филмот „Пред дождот“ кој во 1994 година освои „Златен лав“ во Венеција.Вања има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти, а пеела и во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и пре…

Мар 7, 2017

За прв пат во Македонија најпознатата виолинистка на сите времиња – Ванеса Меј

Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана како “Чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња.  Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на свои 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот “Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ листите во над 20 земји од светот.Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски ко…

Окт 16, 2021

14 години од трагичната смрт на Тоше Проески

14 години без него, 14 години веќе ништо не е исто без него, 14 години поминаа од еден од најтажните денови во поновата македонска историја. На 16-ти октомври 2007 година на автопатот пред Нова Градишка во Хрватска животот го загуби еден од најголемите музички таленти кои се појавиле на овие простори, нашиот Тоше Проески. Веруваме дека не постои човек кој искрено го сака, а на кој овој ден му е ист како секој друг. Не, напротив, многу од нас се сеќаваме на овој ден, на утрото како гром од ведро небо се појави информацијата дека Тоше загинал. Најпрво не верувавме. Се прашуваш дали е мож…

Мар 7, 2017

Втoро издание на Feelmotion фестивалот

Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 9ти до 12ти март 2017 година, го организира својот втор студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) –  чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти.- Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – *Штип*,  Есра и ФДУ – *Скопје*, Тетовскиот Универзитет од *Тетово*,  Хасан Приштина од *Косово*, ФАМУ од *Чешка*, ФДУ Цетиње од *Црна Гор…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top