Руте победник на изборите во Холандија

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека неговата централно десничарска Народна партија за слобода и демократија победи на парламентарните избори со што, како што рече, е запрен погрешниот вид популизам да ја преземе контролата во земјата.

 |   | 

Главните анкети покажуваат дека оваа партија ќе има 31 од 150 пратеници во парламентот. Тоа е за 12 пратеници повеќе од Партијата за слобода на неговиот антиисламски ривал Герт Вилдерс. Европските лидери, вклучувајќи ја германската канцеларка Ангела Меркел, како и шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер упатија честитки. Јункер гласањето го оцени како „гласање за Европа, гласање против екстремизмот“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top