Мар 23, 2017

СЈО денес ќе обелодени нова „Т“ истрага

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес конференција на која се очекува да презентира нова истражна постапка.Во најавата објавена на Фејсбук страната на СЈО се вели „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“ што е своевидна гатанка за новиот случај, кој најверојатно е поврзан со случајот „Транспортер“ кој специјалните обвинители веќе го работат.Официјалното толкување на пораката и детали се очекуваат за денес попладне.

Мар 23, 2017

Нов терористички напад во Лондон, петмина убиени

Лондонската полиција соопшти дека најмалку пет луѓе биле убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, а 40 други биле ранети во вчерашниот терористички напад кај британскиот парламент. Полицијата верува дека нападот го извел еден човек, но продолжува истрагата и не се исклучува можноста и други да биле вклучени во него. Шефот на антитеростичката служба на лондонската полиција Марк Роули изјави дека постои сомневање оти причина за нападот бил исламскиот екстремизам и дека бил познат идентитетот на напаѓачот. Се почнало кога тој најпрвин со автомобил прегазил пешаци на Вестминистерскиот мост преку рек…

Мар 23, 2017

Викендов часовниците одат еден час напред

Викендов кој доаѓа започнува летното сметање на времето, односно на 25 кон 26 март кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро.Преминувањето од зимско на летно сметање на времето е воведено со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври кога во три часот наутро стрелките на часовник…

Мар 22, 2017

Започна лигата во пинг понг

Во организација на Сојузот за училиштен спорт-Охрид под покровителство на Локалната самоуправа-Охрид започна лигата во Пинг-понг за основните училишта во Охрид.Натпреварите се одржаа во училишната спортска сала во О.У.Христо Узунов,а учество зедоа повеќе од 50 ученици во машка и женска конкуренција од сите основни училишта.Денес се одиграа 2 кола по “Репасаж” систем,а ќе се продолжи со натпревари во наредните два месеци.Победниците ќе бидат прогласени и наградени на 24 мај од страна на Градоначалникот на Охрид г-нот Никола Бакрачески.

Мар 22, 2017

Денес се празнува празникот Младенци

Празникот на пролетта 22 март, младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата Православна црква го празнува споменот на 40 војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера. Житието сведочи дека во 320 година 40 војници од еден полк во Севастија ја одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Поради тоа биле повикани кај градоначалникот, биле убедувани да се откажат од Христијанството, а кога тоа го одбиле биле затворени мачени и изведени пред суд. Биле осудени да стојат цела ноќ во вода што смрзува, …

Мар 21, 2017

Еврокомесарот Јоханес Хан денес повторно во Скопје

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Скопје ќе раговара со лидерите на политичките партии за надминување на кризата во Македонија. Првата средба, најавена во 12.40 часот, ќе биде со лидерот на ДПА Мендух Тачи по што следуваат средбите со лидерите на БЕСА, потоа и на Алијанса за Албанците, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев е најавена да се одржи по 16 часот, за потоа Хан да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Последната средба, нешто по 20 часот, Хан би требало да ја има со поранешниот премиер и лидер на ВМРО Д…

Мар 21, 2017

Денес е ден на лицата со Даунов синдром

„Во Македонија сѐ уште преовладуваат предрасудите за луѓето што имаат Даунов синдром, па токму затоа се доведуваат во прашање и нивните основни човекови права. Мора да дејствува во  насока оваа реалност да се промени, да се направат низа реформи во институциите кои понатаму ќе овозможуваат непречено интегрирање на лицата со Даунов синдром во целокупното општество“, посочуваат од Центарот за Даунов синдром.Оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат врз владините политики и дејствувања, со цел да бидат целосно вклучени во заедницата. Токму во оваа насо…

Мар 21, 2017

УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ НА ЦЕНТАРОТ БОБ-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД

Во конкуренција од 600 натпреварувачи од 10 центри во Македонија, младите од центарот за развивање на животнои вештини БОБ-Црвен крст Охрид се вратија со најмногу освоени трофеи. ПРЕСС средба со учесниците на V-от државен БРЕИНОБРЕИН натпревар од нашиот центар, на 21.03.2017 (вторник) во 13:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, на која ќе бидат изнесени повеќе детали од  натпреварувањето.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top