Индексот на цените на угостителските услуги во мај оваа година споредено со претходниот месец остана на исто ниво, говорат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Ако се направи споредба на индексите на цените во мај оваа година со истиот месец лани, годинава е зголемен за 1%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- мај 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.6%, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0.3%.
Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот во Лондон во кој беа убиени седум луѓе, додека неколку десетици други беа ранети.
Ова го јавија новинските агенции повикувајќи се на соопштението постирано на интернет страницата која е повразана со ИД. Во меѓувреме, британската полиција соопшти дека уапсила 12 луѓе во Баркиинг, источен Лондон, во врска со истрагата за нападот што се случи во саботата.
Тројца напаѓачи најпрвин со комбе згазиле неколку пешаци по што излегле од комбето и почнале со ножеви да напаѓаат луѓе пред да бидат убиени од полицијата.
Премиерот Зоран Заев и новите министри денес седнуваат на првата владина седница, која е закажана за попладне.
Се уште официјално не се прецизирани темите на кои утре ќе дебатира новата влада, иако не се исклучува можноста да се отворат и прашања за разрешувања на актуелните директори на државните фирми и институции, и назначувањето на нови.
Пред неколку денови, на примопредавањето на премиерската функција, беа отворени вратите на барокната зграда на владата, каде што можеше да се забележи раскош и луксуз на сите страни.
Голем број граѓани на Скопје се собраа на централниот плоштад за да ја прослават победата на ракометарите на „Вардар“ во финалето на Лигата на шампионите.
Победата на македонскиот ракометен шампион врз францускиот тим „ПСЖ“ беше прославена и во други градови во Македонија.
Освојувањето на титулата шампион на Европа на играчите на „Вардар“ им ја честитаа премиерот Зоран Заев, како и повеќе сегашни и екс министри и функционери. Ракометарите на „Вардар“ утре ќе се вратат во Скопје.
Собранието на Република Македонија ги усвои измените на Изборниот законик со кои е предвидено локалните избори за градоначалници и за советници ќе се одржат на 15-ти октомври.
Измените предвидуваат и продолжување на мандатите на досегашните градоначалници и на советниците до одржувањето на наредните локални избори.
На овој начин се реши правниот вакуум, но и дилемата која ги мачеше засегнатите охриѓани, како ќе добијат дозволи за поставување урбана опрема, како да се продолжат договорите на концесионерите на плажите, како ќе функционираат угостителите и уште многу други прашања кои зависе…
Американските сојузници и ривали на сличен начин ја осудија одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече Соединетите држави од Парискиот договор за климата. Тие истовремено ја отфрлија понудата на Трамп за повторно преговарање во врска со овој договор.
„Нема план Б, бидејќи не постои планета Б“ изјави францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање, наведувајќи дека Франција нема да преговора за помалку амбициозен договор. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер пак оцени дека одлуката на Трамп била „сериозно погрошна“, додека Британија, Јапонија и Гер…
Најмирољубива држава во светот е Исланд, се вели во анализата на Светскиот индекс на мирот на Институтот за економија и мир.
По Исланд следуваат Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска и Чешка. Словенија е на седмото место, Канада на осмото, Швајцарија на деветтото и Јапонија и Ирска на десеттото место.
На последното место е Сирија, а пред неа се Авганистан, Ирак и Јужен Судан и Јемен.
Македонија е на 102 место, последна од државите во регионот. Бележи пад од седум места во однос на ланскиот извештај.
Во регионот највисоко е рангирана Словенија на седмото место, на 31 место е Хрватска…
Трите закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта во Македонија денес треба да бидат на дневен ред во Собранието, сега веќе Министерката за образование и наука Рената Дескоска.
Таа нагласи дека тоа е првиот чекор кон промените во образованието кое им го ветиле на граѓаните. Беа избрани надлежните комисии за законите во областа на образованието, кои се веќе договорени.
– Сакам да им порачам на учениците и на нивните родители – оваа година ќе нема екстерно тестирање – рече Дескоска.
На прашањата дали се реални шансите се’ да се заврши, со оглед на то…