Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Тие се закануваат со генерален штрајк, ако целосно не се укине Законот за трговија на зелените пазари. Велат дека не се задоволни со едногодишното одложување на примената на Законот за трговија на зелените пазари и бараат негово укинување. Маја Стојановска, претставничка на пазарџиите вели дека самиот начин како е донесен овој закон е дискутабилен.
„Законот е донесен по скратена постапка, а се знае кои закони се носат по скратена постапка, тоа се закони кои не се од големо значење, но не се сложувам дека…
Ротари Клубот од Охрид, донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Братство Единство“ (Крст-Џамија) наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.
Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето.
Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои имаат посебни образовн…
Општина Охрид во соработка со НУ Завод и Музеј – Охрид, како дел од своите програмски активности, изработи информативни табли за објекти кои се означени како културно наследство.
Целта е полесно информирање на бројните посетители за значењето и суштината на знаменитостите, текстот оди во прилог на времето кога објектите биле изградени, гледајќи го објектот и читајќи го текстот посетителите добиваат целосна приказна, што полесно останува во нивната меморија, информираат од локалната.
Таблите согласно Одобрението издадено од Министерство за култура односно од Управа за заштита на културното…
Станува збор за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници за: релација 1/2-Охрид-село Горно Лакочереј-Охрид – за период од пет години, сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз.
При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку две возила кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон.
За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола, додека за докажување на вработени возачи се приложув…
Во пожарот кој избил ноќеска во зграда во Париз загинале 9 лица, едно лице е во критична состојба, а повеќе од 30 се повредени, помеѓу кои и шест пожарникари.
Жителите од луксузниот кварт се качувале на кровот за да побегнат од чадот и пламените додека спасувачките екипи се бореле против пожарот. Парискиот тужител Реми Хејц изјавил дека истражителите веруваат дека причината за пожарот е “кривично дело”.
Како што наведуваат пожарникарите, пожарот избил околу еден часот по полноќ, а многу станари се качиле на кровот и викале од своите прозорци.
“Бројот на жртви би можел да се зголеми бидеј…
Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) ја освои главната награда од стучното жири (Grand Jury Prize) на Sundance Film Festival 2019 во конкуренцијата за документарни филмови од светот (World Cinema Documentary Competition).
Покрај главната награда филмот освои уште две награди во истата конкуренција: специјална награда за фотографија (Special Jury Award for Cinematography) и специјална награда за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).
Продуцент на филмот е Атанас Георгиев, режијата е на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, а директори на фотографија се Сами…
Бројот на читатели константно се зголемува а во рамките на нашите можности и доделените средства од Министерството за култура континуирано набавуваме нови наслови од областа на белетристиката,науката , историјата и друга стручна литература. Лани ја спроведовме законската ревизија на целокупниот книжевен фонд а паралелно работевме на популаризација на книгата и нејзино доближување до читателите.
Во изминатите 12 месеци во „Прличевата одаја“ беа одржани над 30 промоции и други промотивни средби со автори од Охрид, Македонија но и од:Хрватска, Бугарија и Србија.
Од промоциите во оваа пригода…
Согласно Законот за празниците на Република Макединија, сабота 19-ти јануари Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во земјава, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Воедно оттаму упатуваат честитка до верниците по повод празникот.