Мар 3, 2012

Зошто е добро да патувате?

Без разлика дали патувате поради забава или од службени причини, патувањата ве збогатуваат на многу начини. Кога сте на ново место, се менува поимот за време. Неколкуте дена минати на нова локација ќе ви се чинат многу подолги, а вие ќе се чувствувате помлади и поенергични.Исто така, патувањата го разбиструваат умот и ги зголемуваат креативноста, свесноста и информираноста. Едно неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот Индијана дојде до откритие дека студентите се покреативни кога решаваат задачи за кои сметаат дека потекнуваат од странски земји. Психолозите ова го нарекуваат „пс…

Мар 2, 2012

„Освежете“ го изгледот со малку отров

Козметичкиот џин Estee Lauder го исфрли DBP од своите производи, но OPI, Essie и Sally Hansen сè уште го користат. Во САД нема закон според кој би било задолжително да се проверува дали ваквите производи се безбедни. ЕУ уште во 2004 година ја забрани употребата на DBP поради што OPI ги промени лаковите наменети за европскиот пазар, но не и оние за американскиот. Од компанијата OPI тврдат дека нивото на DBP е премногу ниско за да предизвика здравствен ризик и дека најмногу штети вдишувањето на испарувањата од лакот, а не лакот нанесен на ноктите.„Пред да се појават на пазарот производите се …

Мар 2, 2012

Што сакаат жените: поголема интелигенција или гради?

Неодамна спроведено истражување, покажало дека дури 41 отсто од жените повеќе сакаат големи гради, отколку висок коефициент на интелигенција. Интересно е што третина од нив, без проблеми би го менувале својот памет  за поголеми гради. Во студијата учествувале 1.142 жени на возраст од 18 до 25 години, кои одговарале на прашањето што повеќе ценат: памет или убавина.Дури 44 отсто од жените повеќе сакаат да имаат вита линија отколку памет, а 37 отсто во истиот момент би го замениле паметот за тело со идеални пропорции.

Мар 1, 2012

Умерена физичка активност за среќа и ентузијазам

Спортувањето, танцувањето, фитнесот или некој друг вид на физичка активност, го зголемува нивото на возбуда и ентузијазам, покажува новото истражување објавено во списанието Sport and Exercise Psychology.Не е потребно да вежбате секој ден со часови за да почувствувате прилив на позитивни емоции, објаснува професорот по кинезиологија Дејвид Конрои. Неколку часа физичка активност во неделата се сосема доволни за да се подигне нивото на хормоните на среќа и да се намали нивото на стрес хормони како што е кортизолот.Препорачливо е да не се прават долгорочни програми на вежби, поради фактот што …

Мар 1, 2012

Фејк Џек Николсон

Неодамна е уапсен Бразилец кој се обидел да отвори сметка во банка со фалсификувана лична карта на која залепил слика од Џек Николсон.Кога се краде идентитет и фалсификуваат лични карти и пасоши, на тие документи, во никој случај, не треба да стои име и фотографија на позната личност, тоа го знаат и малите деца затоа што гледаат телевизија.Очигледно, овој криминалец од Бразил не гледал филмови, па така, на лажна лична карта тој залепил слика од Џек Николсон и се обидел да отвори сметка во банка, но бил уапсен.Уапсениот Рикардо Серџио Фреире де Барод (41), под сликата на Џек Николсон, која в…

Фев 29, 2012

Како да се ужива во кафе без цигара?

Да се запали цигара со првото утринско кафе е уживање за многу пушачи. Ако се обидувате да се одвикнете од пушењето ќе имате силна потреба да запалите цигара додека го пиете кафето. Истражувањата докажале дека пушењето ги прави луѓето привремено среќни, а пушачите тие позитивни чувства потсвесно ги поврзуваат со испивање на кафето. При престанок на пушењето, многу е веројатно дека лицето ќе почувствува губење на таа среќа, а испивањето на кафе без “омилениот порок” ќе ја направи личноста уште понесреќна. Што да се прави?1. Кажете им на пријателите кога сте во друштво на пушачи да не ве нуд…

Јун 15, 2020

Регистирирани 620 прекршоци за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.Исто така по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се 620 прекршоци.

Фев 28, 2012

Крушата ги дроби камењата во бубрезите

Крушите се вистинско богатство на шеќер, киселини, минерални соли, танини, витамини и ферменти. Содржи најмногу калиум, калциум фосфат и магнезиум, а богати се со витамините А, Б1, Б2, Б6, додека витаминот Ц го има повеќе од јаболкото. Таа е вистински благодат за сите органи во организмот. Тие се вистински еликсир за крвните садови, срцевиот мускул и бубрезите. Во народната медицина плодот од крушата се користи за овошен чај против кашлица, воспаление и поволно делува на слузокожата на цревата. Иако содржи повеќе шеќери од јаболката, крушите можат да ги консумираат и дијабетичаритеКрушата с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top