Фев 11, 2013

Дневно во мобилниот, гледаме 150 пати

Мобилниот телефон е направа без која голем број луѓе во светот не би можеле да живеат. Зависноста од него стана толку сериозна, што во него проверуваме на секои шест и половина минути, без оглед дали станува збор за порака, повик или статус на некоја од социјалните мрежи.Утврдено е дека оние кои имаат мобилен телефон, гледаат во него веднаш штом ќе се разбудат наутро, бидејќи ги буди алармот кој оваа направа го има. Поради оваа негова функција тој е направата во која и последна луѓето гледаат навечер. Голем број од корисниците на мобилен го користат за проверка на мејловите, да погледант не…

Фев 11, 2013

Кој триумфираше на доделувањето на овогодинешните Греми награди?

На синоќешното доделување на Греми наградите рокерите The Black Keys си заминаа со полни раце статуетки, дури четири, а по три дома однесоа раперите Џеј Зи и Каније Вест, мастерот за дуб степ Скрилекс и човекот со најдобара балада, Готје. За разлика од мината година, британската дива и тазе мајка, Адел, си отиде само со една статуетка, за најдобра поп соло изведба за пеењето во живо на Set Fire To The Rain.Наградата за Плоча на годината ја однесоа Gotye Featuring Kimbra за Somebody That I Used To Know. За албум на годината е прогласен Babel на Mumford & Sons.Дебитантите Fun заминаа со н…

Фев 8, 2013

Ескапизам кој ќе ви се исплати

Неодамна во Шкотска осамна оглас како создаден за оние кои повеќе не можат да го поднесат лудилото и галамата на големите градови. За да биде уште подобро, платата е повеќе од добра, односно 3.000 евра месечно, а со неа доаѓа и титулата “менаџер на ненаселен остров”, кој годишно го посетуваат 20.000 туристи. Се што треба да направат кандидатите е да се грижат за островот и таму да поминуваат осум месеци годишно. Сместувањето е организирано во дворецот кој се наоѓа таму, а водата и храната се носат од копното.Сепак, љубителите на интернетот нема да бидат среќни, бидејќи пристапот е ограничен…

Фев 8, 2013

Е ај да ве видам рекламирајте се на Оскарите?

Оскар ги распродаде сите слободни места за реклами за време на преносот. И иако не е во иста класа со Супер Боул, сепак од емитувањето на една реклама од 30 секунди ќе заработат околу 2,5 пати повеќе отколку што годишно се троши на онлајн рекламирање во Македонија.Блокот од 30 секунди на годинешните Оскари чини од 1,7 до 1,85 милиони долари. Наградите, кои кај маркетинг агенциите се познати како Супер Боул за жени, ќе се емитуваат на ЕјБиСи на 24-ти февруари. Најголемиот дел од позициите биле продадени уште пред Божиќ, а вчера било продадено и последното слободно место. Минатата година ЕјБи…

Фев 7, 2013

“Grandmaster“ го отвара овогодинешното Берлинале

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, 63-тото по ред ќе биде отворен денеска со филмот Вонг Кар-ваи „The Grandmaster“.На Берлинале во натпреварувачката конкуренција на играни филмови се најдоа 19 остварувања, меѓу кои се и новите филмови на Стивен Содерберг, Гас ван Санта и три филмови во кои ќе се појават француски филмски диви. Овогодишниот филмски фестивал нуди избор на разновидни филмови, вклучувајќи ги и остварувањата од Казахстан и Иран кои ќе се борат за главната награда – „Златна мечка“ на првиот европски фестивал во годината. Филмот Ван Санта „Promised Land“ (Ветена земја) во к…

Фев 7, 2013

Sci-Fi издание на „Монти Пајтон“

Членовите на „Монти Пајтон“ повторно се собраа за ново филмско остварување. Ќе работат на филмот по име „Absolutely Anything“ од научно фантастичен жанр, кој ќе комбинира компјутерска графика и живо актерство.Филмот ќе го режира Тери Џонс додека продукцијата ќе му биде доверена на Мајк Медавој, а една од улогите му припаднала на Робин Вилијамс.Останатите улоги ги потвдиле и актерите Џон Клиз, Тери Гилијам и Мајкл Пејлин.- Ова не е класичен наш филм но поседува идентичен сензибилитет, изјавил Џонс за Вајарети.Членовите на „Монти Пајтон“ ќе продуцираат гласови на вонземјански групи на кои зем…

Фев 6, 2013

Hommo Rex

Во Научниот музеј во Лондон е претставен бионички човек од милион долари, кој што има синтетичка крв и најнови механички протези.Станува збор за дело на тим од роботички експерти направено за потребите на новиот документарен филм на телевизиската куќа “Channel 4”, наречен “How to Build a Bionic Man”. Цената на овој робот изнесува точно еден милион долари. За неговата изградба се користени најновите механички протези, а има и вештачки бубрези, панкреас, слезина, душник, како и функционален крвоток.Во главата му е вградена и вештачка мрежница, па роботот може да ги види објектите пред себе. В…

Фев 6, 2013

Навистина блиска средба

Астероид со дијаметар од 45 метри и со кодирано име 2012ДА14 ќе мине ноќта на 15 наспроти 16 февруари во близина на Земјата, на најмало растојание од нашата планета во историјата на набљудување на движењето на небесните тела, соопшти Јапонската национална опсерваторија.Опасност од судир со Земјата, сепaк нема. 2012ДА14 е со маса од околу 130.000 тони и се движи со брзина од 8 километри во секунда. Најблиску до земјата тој ќе биде на 15 февруари над Индискиот Океан, кога ќе биде на само 27,7 илјади километри од Земјата. Тоа е речиси 14 пати помалку од растојанието на кое се наоѓа Месечината….
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top