Апр 10, 2019

Внимателност при известувањето за самоубиства бараат од СЕММ и ЗНМ

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод известувањето на медиумите во врска со случаите на самоубиство ги повикуваат новинарите на почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. Притоа, потсетуваме на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој “новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост“.Воедно, потсетуваме и на обврската на медиумите содржана во член 8 од Кодексот, според која…

Апр 8, 2019

Познати добитниците на наградите од „Напишти стих – купи кафе“

Марина Икономова – Шокева, Лидија Стефановска и Доника Елмази се авторите на најдобрите три наградени творби од настанот „Напиши стих – купи кафе“. По втор пат НУ Библиотека „Григор Прличев“, кафетеријата „Аквариус“ од Охрид и ФОН универзитетот по повод 21 Март – светскиот ден на поезијата го организираа овој настан кој предизвика лавина од позитивни коментари кај вљубениците во пишувањето. Од големиот број стихови жирито ги одбра творбите на погоре споменатите авторки и реши да ги награди, се разбира со книги од богатата продукција на библиотеката и од автори кои се застапени во неа. Оче…

Апр 4, 2019

„Ти во седум бои“ најнова претстава на Независната Аматерска Театарска група „Аматер“

Kреативноста и потребата за уметничко изразување се водечки критериуми за развојот на едно општество. Речиси секоја година, Независната Аматерска Театарска група „Аматер“ од Охрид, се грижи љубителите на уменоста и културата да уживаат во нивната уметничка игра. Овој поат на ред е претставата „Ти во седум бои“, инспирирана од истоимениот наслов на расказот „Ти во седум бои“ на Горан Василевски, од книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“. „Се одлучивме за еден малку поинаков спој од досегашното наше работење, да не е конкретно како што сме навикнале претстава, со точно пет чина и…

Апр 1, 2019

Поради појавата на шумски пожари воведена забрана за движење во шума и шумско земјиште

Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3) од Законот за шумите („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16) се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За неп…

Мар 25, 2019

Утврден редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар

Денес во седиштето на Државната изборна комисија се одржа јавна седница на која со ждрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар. Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, г-н Михаил Трендафилов-Нанче, на претстојните локални избори ќе влезе во трката за довербата на охриѓани со бројот 4. Покрај Трендафилов во трката за градоначалник на Охрид уште се и Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за кој граѓаните ќе може да гласаат заокружувајќи го бројот 5 како и, Константин Георг…

Мар 14, 2019

Светски ден на бубрегот

Светскиот ден на бубрегот / World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на здравјето на бубрезите. WKD во светски рамки е заеднички организиран од страна на Меѓународните здруженија ISN и IFKF, a во Македонија Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН во соработка со стручните професионални здруженија на лекари и медицински сестри како и учество на одговорни личности во сегментот на здравството со подршка на медиумите, традиционално се приклучува во глобалната светска мрежа на организации кои го одбележуваат денот. Хроничната бубрежна болест е значаен светски јавн…

Мар 12, 2019

„СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА” – ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.. Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток на претставите е 20.00 часот. Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороск…

Мар 5, 2019

Поместувањето на часовникот ќе се укине во 2021 година

Комитетот за транспорт во Европскиот парламент изгласа во 2021 година да се укине поместувањето на часовникот двапати во годината, еднаш наесен и еднаш напролет. Членовите на Комитетот предлагаат часовникот последен пат да се помести последната недела во март во 2021 година. Останува на земјите членки на Европската Унија да одлучат дали ќе останат на зимското или летното сметање на времето. Предлогот сега треба да се испрати до Европскиот парламент и до земјите членки на Унијата.Европската комисија на 12 септември лани предложи укинување на полугодишното поместување на стрелките на часовн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top