Падна косовската влада, избори за еден месец

Косовското Собрание изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа,на барање на опозицијата.

 |   | 

Косовското Собрание изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа,на барање на опозицијата.

За соборување на Владата гласаа 78 пратеници, против 34, а воздржани беа тројца. За паѓање на Владата беа потребни мнозинство од гласовите односно 61 пратеник. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.

За време на повеќе часовната расправа во Парламентот, двете владеачки партии меѓусебно се обвинуваа за неред, недостаток на координација и одлучување и коруптивни афери од претходно.

Официјална Приштина сега е во исчекување на предвремени парламентарни избори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top