Откриен тајниот рецепт на Coca Cola?!

Една Интернет страница тврди дека ја открила строго чуваната тајна за рецептот за поготовка на Кока Колата.

 |  Маја Савиќ  | 
coca cola
coca cola

coca cola Состојките на пијалокот, создаден од фармацефтот John Pemberton во 1886 година, отсекогаш биле мистерија. Деталите на рецептот (наводно) се чуваат во сеф во Атланта, со 24 часовен надзор. Сепак, од thisamericanlife.org тврдат дека го имаат точниот рецепт, пишува Дејли Телеграф.

Велат дека ги откриле состојките според една фотографија која била објавена во весникот Atlanta Journal-Constitution на 8 февруари 1979 година, на која некој држел отворена книга со рецептот за Кока Кола, верна копија на оригиналниот на Пембертон од 1886 година.

Рецептот (повторно, наводно) ги содржи сите точни мерки на есенцијални масла за да се направи “тајниот“ додаток, именуван како Merchandise 7X, кој на пијалокот му го дава уникатниот вкус. Инаку, Merchandise 7X во рецетпурата за Кока Кола чини само 1%.

Рецептот? Еве го подолу, поделен е на два дела:

coca cola vintage design poster88 ml лимунска киселина

29 ml кофеин

30 (точната мерка не најјасна од белешките) шеќер

9,5 литри вода

0,9 литри сок од лима (Lime juice)

29 ml екстракт од ванила

44 ml екстракт од карамела за бојата

Екстракт за 7Х арома (на 18 литри се ставаат 60 ml екстракт на арома)

2 dl алкохол

20 капки од масло од портокал

30 капки од масло од лимун

10 капки од масло од мускатно оревче

5 капки кориандер

10 капки нероли (Neroli)

10 капки цимет

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top