„Осум чаши вода на ден“- жива глупост

Препораката на ден да се пијат осум чаши вода е „најголема глупост“, објавено е во British Medical Journal…

 |   | 

Препораката на ден да се пијат осум чаши вода е „најголема глупост“, објавено е во British Medical Journal…

vodaДокторката Маргарет Мекартни тврди дека уште никој не докажал од медицинска страна дека толку вода во организмот навистина помага или дека воопшто му е потребна на човекот. Напоменува дека некои здравствени организации всушност се под спонзорство на производители за вода и поради тоа тврдат дека дневно мора да се пијат до 2 литри вода, затоа што блага дехидрација предизвикува развој на болести.

Мекартни пак истакнува дека премногу вода всушност може да биде и опасно, затоа што го намалува нивото на натриум во крвта и може да доведе до хипонатремија, а пиејќи повеќе вода, луѓето повеќе се изложуваат на загадените состојки од истата.

„Луѓето уште мислат дека ќе умреме или бубрезите ќе ни се исушат ако не испиеме осум чаши вода на ден. Но, колку што јас знам, се уште нема ниту еден таков случај во историјата на медицината“, рече Мекартни.

voda-plasticna ambalazaПофалбите на вода во САД почнале во 1945 година и пред тоа никој не споменувал дека треба да се пие толку вода на дневна база. Со време се врежало мислењето дека водата ги редуцира уринарните инфекции, го поправа тенот, помага во губењето на тежината и ја подобрува концентрацијата. За таквите податоци никој никогаш не приложил ниту еден доказ.

„Бубрезите се одличен орган кој не треба да се ‘пере’ со големи количини вода и во случај да недостига вода, бубрегот сам ќе ја концентрира урината“, заклучува доктор Мекартни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top