Осаменоста е смртоносна

Хроничната осаменост може да не втурнува кон поголема изолација, предизвикувајќи сериозни здравствени проблеми, се вели во една нова студија.

osamen
осамен

Хроничната осаменост може да не втурнува кон поголема изолација, предизвикувајќи сериозни здравствени проблеми, се вели во една нова студија.

Џон Кациопо, неуролог на Универзитетот во Чикаго, го претстави своето најново истражување од областа на социјалната психологија и тврди дека постои директна биолошка врска меѓу осаменоста и здравјето на луѓето.

„Дури и пчелите кои се изолирани имаат полошо здравје и порано умираат од другите, што покажува дека меѓусебната поврзаност е особено важна за здравјето“ вели Кациопо.

Кациопо, кој со години ги проучува биолошките ефекти на осаменоста, тврди дека поединците  можат да почувствуваат физичка манифестација на нивната осаменост, бидејќи групите на нивните гени со текот на времето се менуваат, што резултира со пореметување на нивните кардиоваскулрани, имунолошки и когнитивни функции.

osamenОвие тврдења се засноваат на истражувањето од 2007 година, со кое се докажа дека осамените луѓе имаат зголемена активност на неколку гени кои предизвикуваат воспаление и намалена активност на гените кои се борат против вирусите, што покажува дека изолираните луѓе се многу посклони на болести и потешко ја поднесуваат борбата со ракот од луѓето кои постојано се дружат.

Тие исто така откриле дека социјално изолираните луѓе почесто се будат во текот на ноќта, со што се нарушува квалитетот на сонот и затоа не спијат доволно, за телото да може психички и физички да се регенерира.

„Она што ние го видовме  е постојана шема во која клетките на имунолошкиот систем се активираат само кај осамените луѓе.“

Осаменоста може да предизвика хипер чувствителност на негативното однесување кај другите луѓе, па луѓето секое однесување кај другите го перцепираат како исклучително лошо и навредливо. Таквата перцепција води до уште подлабока изолација и осаменост.

„Некои луѓе се социјално изолирани, но не се сами“ вели Даниел Расел , психолог кој ја разви скалата на осаменост на UCLA, прашалник, кој се обидува да измери колку луѓето ја препознаваат нивнат социјална ситуација.

Претходните студии на Кациопо откриваат дека осамените луѓе ги оценуваат своите социјални врски понегативно и формираат полош впечаток за луѓето кои ги запознаваат, и дека осаменоста е индикатор на физичка болка.

Новата студија открива дека осамените луѓе се соочуваат со бројни психолошки промени како стеснети артерии, кои го покачуваат крвниот притисок, принудувајќи го срцето да работи понапорно, го покачуваат крвниот притисок до опасни нивоа кои би можеле да предизвикаат срцев или мозочен удар и да го покачат нивото на хормонот за стрес- кортизол.

osamenОвие откритија покажуваат дека симпатетичкиот нервен систем  се активира за време на осаменост. Кациопо го изедначува овој одговор со нашиот еволуционен процес во кој за нашите предци да можат  да преживеат било неопходно да се дел од група за да можат да најдат храна, засолниште, заштита и помош за одгледување на децата.

Кациопо претходно наиде на докази кои упатуваат дека осаменоста делумно е наследна. Тој објаснува дека постои еден вид на „генетички термостат“ на осаменост кој мери различно, кај различни луѓе. “ вие не ја населедувате осаменоста; го наследувате чувството колку болно ја доживувате осаменоста“ вели Кациопо.

Осаменоста не само што ги прави луѓето несреќни; прави да се чувствуваат и небезбедно.
За да се заштитиме од осаменост, Кациопо советува „Степенот на социјална поврзаност, кој може да ни го подобри здравјето и среќата… е исто толку тежок и едноставен колку што е отвореноста кон другите.“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top