„Опасни“ секс фантазии

Имате сексуална фантазија која би сакале да ја искусиле, но внимавајте што посакувате.

фантазија
fantazija

Сексуалниот терапевт Трејси Кокс во својата нова книга открива кои фантазии можете да ги испробате, а кои е најдобро да и ги оставите на фантазијата, бидејќи можат да имаат катастрофални последици.

ФАНТАЗИЈАСекс во тројка

Секоја фантазија која вклучува уште еден учесник, може да тргна наопаку. Љубомората е главен проблем, а незгодните изнезнадувања се исто така проблем. Иако однапред можете да ги договорите сите правила, реалноста може и тоа како да ве изненади. Најлошо е за оние кои се сакаат. Мислат дека можат да ги одвојат сексот од љубовта, но тоа е тешко.

Снимање на сексот

Потајно се надеваме дека ќе изгледаме како професионалци, но вистинскиот секс е малку поразличен. Нема вистинско осветлување, агли, монтажа. Гледањето на снимките може да биде погубно за вашето его.

Секс со некој што е забранет

Било да се работи за шеф, најдобар пријател на вашето момче, можеби може да биде одлична фантазија, но во вистинскиот живот многу лесно може животот да ви се искомплицира. Остава горчина и чувство на вина, а сексот вообичаено не ги исполнува очекувањата.

Секс со странец

Овој секс е поттикнат од нагонот, можеби дури и од алкохол. Не се грижите баш еден за друг и за чувствата па последиците можат да бидат катастрофални, посебно ако не користите заштита.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top